Дом и семејство
Фотографија која ќе ви го стопи срцето: Најпознатата старлета покажа со кого го дели креветот- еве со кој го поминува најубавиот период од животот
За неа семејството е на прво место...
Старлетата Ана Кораќ јавноста ја запозна за време на учеството во реалити програмата „Задруга“, а неодамна се породи и роди момче, чие име се уште не го открива.
Имено, познатата старлета сега на својот Инстаграм покажа како го поминува времето со синот и партнерот и сцената од семејниот дом ги стопи срцата на многумина.
Ана лежеше во кревет со синот и нејзиниот партнер – чиј идентитет го крие од очите на јавноста- и цело време ги гушкаше, додека бебето спиеше на градите на неговиот татко.
„Ние“ – напиша Ана во описот на фотографијата јасно ставајќи до знаење дека семејството е целиот нејзин свет.
Инаку Кораќ вложи многу пари во својот изглед, кој драстично го промени од почетокот на својата кариера.
Познато е дека вградила силикони во градите и задникот, а освен тоа направила корекција на усните и носот.
За да го задржи својот изглед, старлетата мора редовно да прави дополнителни интервенции кои чинат 5.000 евра.
„Мојата операција беше кога имав 20-21 година. Три пати ги правев градите, го криев тоа од мајка ми, таа е домаќинка. Таа е вистинска семејна жена и тоа за неа е ненормално и неприфатливо. Му кажав на татко ми за операцијата, кога мајка ми дојде и виде што направив, никако не можеше да прифати“, изјави тогаш Ана за „Курир“.
Старлетата своето тело го препуштила во рацете на познатиот турски хирург пластичар Селкука Јазан, кој и го препорача нејзината најдобра пријателка, Сораја Вучелиќ.
„Ана постојано наоѓа некои мани на себе, па повторно ги коригираше очите и носот. Нејзина голема желба и е да изгледа како барбика, и таа нема да се откаже, се додека не дојде до посакуваниот ефект“, изјави во една прилика за порталот „Информер“ извор близок до старлетата.