Кафе муабет
Фолерката немаше ни за леб и се капеше во пластично корито, а сега има џакузи на секој кат
Сепак, иако денес има мал сопствен рај и може себе си да си ги исполни сите желби, но од секогаш не било така...
Фолк пејачката Сека Алексиќ денес има успешна кариера и преубава вила во Стара Пазова во која ужива во раскош заедно со своето семејство.
Сепак, иако денес има мал сопствен рај и може себе си да си ги исполни сите желби, но од секогаш не било така.
Сека некогаш многу тешко живеела и за тоа често зборувала во јавноста, раскажувајќи дека не се срами од своето минато која само ја зајакнало како личност и научила како е да се бори низ животот.
Taa започнала буквално од нула. Пејачката уште како мала избега со своите родители и брат од Босна и Херцеговина, поточно Зворник, за време на војната и се пресели во близина на Шабац. Бидејќи просторијата каде што беа сместени немаше доволно кревети, таа спиеше првиот месец во училиштето што почна да го посетува, а од целото семејство работеше само мајката. Нејзиниот татко бил алкохоличар и трошел се што имале. Имаа среќа да се преселат во Србија во текот на летото, бидејќи нивната мајка беше принудена да ги капе надвор, во пластично корито иако веќе беа големи деца.
– Воениот виор носеше се пред себе. Го напуштивме градот, оставивме се. Заминаа спомените, и оние пипливите работи кои немаа материјална вредност, но за нас потсетуваат на детство кои за нас вредат најмногу на свет, сеќавањето на растењето, на убавите безгрижни денови.
Слушав како возрасните зборуваат за луѓе кои ги познавав, за родителите на моите другарчиња кои ги загубиле своите животи. Мојата куќа, мојот двор ги заменивме за трошна соба, наше принудно живеалиште, напишала таа тешкиот период од својот живот.
-Немав пари за ужинка, носев од дома. Не одев на екскурзија, ниту правев како некои деца да земам жилет да ги кинам патиките за да добијам нови кои тогаш биле во тренд.
-Јас имав само една слика. Црно-бела која на неа мајка ми ме држи во прегратка. Мојата мајка работеше две работи. Се мачеше и се трудеше да не бидеме гладни, на нас некако да ни ја ублажи болката. Ја криеше својата грижа, го криеше заморот, никогаш не се пожали, пишала Сека.
– Покрај се лошо што ни донесе животот не покажав омраза и гнев… Не учеа нас дека треба да се цени работата. Продолжи да се бори, не падна, иако бевме без ништо.
Навечер кога ќе легнев јас сонуав будна, мечтаев како имам своја куќа, и во дворот куче кое лае.
-Мечтаев како мојата мајка има време да испие кафе со пријателките, како се смее и ужива.
Мечтааев дека реалноста во која живеев еден ден ќе биде само лош сон. Така сакав, толку силно сакав што тоа и се случи, помина, знаев дека ќе помине, знаев дека ќе промине ако не се откажам од она што го сакам, дека треба да се борам.
Знаете, животот е таков, како мирно море, а потоа голем бран руши се во еден момент, а пред вас е времето повторно се да изградите, раскажала емотивно Сека.
Сека започна да настапува во локалните таверни и пабови, кога имаше 14 -години.
Тогаш почна да заработува добро, и со текот на годините заработи големо богатство, а сега може да им дозволи на своите деца се што ќе посакаат.