Кафе муабет
Филип Живојиновиќ прво покажа каде живее, а сега и како ужива без Пријовиќ и синот!
Филип замина во Америка поради деловни обврски...
Веќе некое време на големо се пишува и шпекулира за бракот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.
Имено парот се најде во фокусот на јавноста откако Филип замина на службено патување во Америка. Двојката долго време не е видена заедно, а како што сега покажува последната фотографија, тие двајца повеќе не живеат на иста адреса.
Имено, Филип на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија од својот поглед од сегашниот дом во Америка, каде престојува веќе извесно време. Филип извесно време е во САД поради деловни обврски, а во Србија доаѓа кога обврските му дозволуваат.
Сепак, Александра Пријовиќ открива дека нивниот брак се уште е во совршена хармонија, без разлика што медиумите пишуваат за нивната наводно нарушена врска.
“Тие приказни не ме погодуваат, бидејќи знам дека не е така. Никогаш не сме биле пред развод. Најмногу ме нервираат ситуациите кога ќе испаднам коректна кон некого, а потоа се преминуваат границите “. Избрав ваков живот и кога започнував кариера го посакував сето ова. Ова е моја работа и немам приватност.
– Многу пати сум се разведувала. Кога првпат почнавме да се забавуваме, бевме свршени неколку месеци после тоа, не знам уште колку пати, доста е- рече Пријовиќ.
-Јас сум човек кој многу брзо пламнува, но и брзо се смирувам. Филип секогаш ме нервира кога ќе ме брза, а мене како и секоја жена ми треба уште малку време да се средам. Се расправаме за тоа и јас секогаш му велам дека ништо не значи тоа ако задоцниме некаде 10 минути. Филип секогаш прв попушта, не можам да се расправам со него, затоа што ме остава да се расправам сама со себе и потоа на убав начин ми објаснува што сакал да каже. Од друга страна син ми Александар како и секое дете е непослушен и тврдоглав. Иако му велам дека треба да руча и дека ќе добие чоколадо затоа што е љубител на слатки, кај него нема договор.Таков е за се. Кога е толку тврдоглав не му давам, чекам да заборави и го залажувам“, вели Александра за „Блиц“ и открива кој е построг родител.
„Понекогаш Филип е послаб на синот, а некогаш јас. Строга мајка сум и викам. Мора да бидам таква“, вели пејачката која во последно време ја слуша приказната дека таа и Филип се разведуваат.
Нивниот фокус, покрај работата секако е и синот Александар, за кој Александра открива дека сè уште не сака да има брат или сестра.
„Кога ќе му спомнам, тој само вели не, му се допаѓа кога го има целото внимание за себе“, открива таа.
-„Би сакала да имам ќерка со Филип. Сакам вкупно две деца, но никогаш не се знае. Се останато што го сакам си го купувам сама, додаде пејачката.