Кафе муабет

Фаталниот Турчин повторно преживува драма поради поранешната: Една снимка ја откри вистината, сега може да го гледа синот, а си најде и нова љубов

Доби поголемо право над синот...

Озџан Дениз (49) ги освои жените ширум светот со улогите во турските серии „Истанбулска невеста“ и „Судбина“, а неговиот турбулентен љубовен живот во последните години привлече големо внимание.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Згодниот Турчин пред неколку дена му го честиташе четвртиот роденден на својот син Кузеј, кој го доби во 2018 година со 20-години помладата манекенка и актерка Фејза Актан.

фото инстаграм/ Фејза Актан

„Среќен роденден, драг мој сине“, напиша Озџан покрај прекрасните фотографии на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Özcan Deniz (@ozcandeniz)

Дениз имаше тешка разводна парница со Фејзa со која се ожени во 2018 година. Таа го пријави за физичко насилство и обвинителството за него бараше минимална затворска казна од шест месеци.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Фејза рече дека Озџан ја претепал неколку пати, а тој сето тоа го негираше и истакна дека тоа не е вистина. Како доказ за своите обвинувања, манекенката прикажала болнички наоди од јуни 2019 година, кои велат дека била полесно повредена.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

По обвинувањата на неговата поранешна сопруга за насилство, се случи пресврт и се појавија снимки каде таа го удира Дениз и му ја кине облеката пред куќата кога тој дошол да го види синот.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Двојката се разведе по само 15 месеци брак, што ја изненади јавноста. Турските медиуми претходно објавија дека актерот ја избркал сопругата од дома затоа што не можел да ја поднесе, а минатата година поднел тужба против Фејза бидејќи не му дозволила да се види со синот.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

– Се гледам со син ми четири пати месечно. Тоа не е доволно ниту за мене, ниту за мојот син. Десет дена се немам слушнато со него. Денеска му е роденден, а јас ниту го гледам ниту слушам. Барам судот да ми го додели апсолутното старателство над него. Ми го уништува животот, не можам повеќе да го правам ова, наводно и рекол на обвинителката.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Судот и додели старателство на мајката Фејза, но на последното рочиште тој го зголеми бројот на денови што актерот може да ги помине со својот син. Тој зборуваше за тоа без да ја крие својата радост.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

-Бидејќи мојот син е малолетен, судијата беше чувствителен на се што требаше да биде. Зголемени се деновите што можам да ги поминам со син ми. Моите права се малку порегулирани, изјави Озџан кој често споделува фотографии со својот син на чие воспитување е многу посветен.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Инаку, Дениз минатата година по целата љубовна драма со поранешната сопруга потврди дека повторно е заљубен.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Актерот е во врска со 23-години помладата модна дизајнерка Самар Дагдар, која по потекло е од Иран.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Според турските медиуми, тие се заедно од почетокот на 2021 година, а Озџан споделува фотографии со Самар на Инстаграм и не крие колку е среќен.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Додека на некои обожаватели им е мило што Озџан ја реши целата драма, други ја истакнуваат разликата во годините помеѓу дизајнерката и актерот.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

„Татко и ќерка“, „Престанете да се лажете“, „Не разбирам 50-годишен маж да го прави тоа повторно“, „Убав пар“, се дел од коментарите.

После се што му се случуваше во последно време, Дениз ги намали снмањата во сериите и се посвети на театарските улоги.

Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз
Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз
Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз
Фото: Инстаграм/ Озџан Дениз

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close