Кафе муабет

“Ураганките” се распаѓаат? : Ксенија не настапува со нив- ова е причината за нивната разделба!

Повторно е заболена од коронавирус...

Пејачката на групата „Ураган“, Ксенија Кнежевиќ по вторпат се зарази од коронавирусот, па сега Сања Вучиќ и Ивана Николиќ настапуваат без неа.

Фото Инстаграм/Ксенија Кнежевиќ

Имено Ксенија откри дека овој пат симптомите се полоши од првиот, а обожавателите се надеваат на нејзино брзо закрепнување.

ФОТО: Ксенија Кнежевиќ / Инстаграм

– Втор пат имам корона. Симптомите се полоши од минатиот пат. Пред неколку дена го изгубив вкусот и мирисот, а сега кашлам, уморна сум, се онесвестив и ме болат белите дробови. Се ќе биде во ред, брзо ќе закрепнам – вели Ксенија.

ФОТО: Ксенија Кнежевиќ / Инстаграм

Ивана и Сања пред неколку дена се вратија од настап во Германија. Кога се појавија на белградскиот аеродром без Ксенија, многумина мислеа дека „ураганките“ се распаѓаат.

Фото Инстаграм/Ксенија Кнежевиќ

Сепак, како што се дознава, групата останува во истиот состав, а Ксенија деновиве е на боледување.

Фото Инстаграм/Ксенија Кнежевиќ

Само што слушнаа дека нивната колешка е позитивна на корона Сања и Ивана се тестираа. Бидејќи тестовите покажале дека се здрави, двете решиле да не го откажуваат веќе закажаниот настап во дијаспората.

ФОТО: Ксенија Кнежевиќ / Инстаграм

Сами ќе пеат на уште неколку настапи кои претходно ги договориле, а веднаш штом закрепне ќе им се придружи и Ксенија.

ФОТО: Ксенија Кнежевиќ / Инстаграм

Ксенија ќе се мажи?

Ксенија Кнежевиќ неодамна откри и дека се смирила со своето поранешно момче Никола со кој е во врска шест години и почнале да живеат заедно во куќата што тој и ја подарил.

ФОТО: Ксенија Кнежевиќ / Инстаграм

Ксенија неодамна во емисијата „Амиџи шоу“ откри дека повторно е во љубовна врска со Никола со кој имала краткотраен прекин.

ФОТО: Ксенија Кнежевиќ / Инстаграм

За тоа време, како што наголемо се пишуваше во медиумите, била во кратка врска со младиот актер Павле Менсур.

ФОТО: Ксенија Кнежевиќ / Инстаграм

– Вие ќе прочитате се. Сфативме дека тоа е тоа и сега живееме заедно, јас и мојот долгогодишен дечко. Јас и мојот Никола се уште сме заедно, нема ништо интересно тука. Сега е шеста година како сме заедно. Тој направи куќа за нас, по професија е архитект, а и многу добро готви – изјави пејачката во споменатата емисија.

ФОТО: Ксенија Кнежевиќ / Инстаграм

– Момчето со кого се забавувам го познавам цел живот. Прво се дружевме, па потоа се роди љубовта меѓу нас. Пет години сме заедно и мислам дека тој ќе биде за кого ќе се омажам, рече неодамна Ксенија.
Не планирам наскоро брак ни деца, затоа што сме млади. И двајцата сме фокусирани на кариерата, но кога ќе дојде време за тоа, ќе се омажам, нема да бегам од тоа, збоуваше Ксенија за медиумите.
Врската ја прекинале мирно, а пејачката изјавила дека некое време сака да биде сама и да се посвети на себе си и на кариерата.

Фото Инстаграм/Ксенија Кнежевиќ

Пред неколку дена таа сподели фотографија со нејзиното момче на која може да се забележи колку се среќни и заљубени.

Фото Инстаграм/Ксенија Кнежевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close