Кафе муабет
Ураганката се всели кај политичарот по 3 месеци врска: Андреј поседува еден од најлуксузните станови во Белград!
Пејачката сака да стапне на лудиот камен...
Ивана Николиќ, членкатa на групата „Ураган“ наводно се вселила кај политичарот Андреј Бајец со кој е во врска неколку месеци.
Имено, како што тврди изворот за домашните медиуми, идејата за нивниот заеднички живот била на Андреј, но Ивана не можела да остане имуна, па ја прифатила веднаш, иако нивната врска трае само неколку месеци.
– Нивната врска започна на денот кога се запознаа. Тие се заљубија на прв поглед и од тој ден се неразделни. Тие се договориле врската да остане во строга тајност, но со текот на времето им станало многу тешко да се состануваат на тајни локации, криејќи го секој нивен потег и скратувајќи го времето што ќе го поминат заедно. По три месеци љубов, Андреј и предложил на Ивана да се пресели кај него. Иако не очекуваше таква понуда, таа без размислување прифати – изјавил изворот за Ало.
Тој тврди дека врската меѓу нив е уште посилна откако почнале да живеат заедно.
– И двајцата чувствуваа притисок поради тајната врска и неможноста целосно да уживаат еден во друг. Потегот на Ивана целосно ги зближи и врската конечно беше официјализирана. Заедно се будат, заедно појадуваат, заедно легнуваат, што е многу важно за нивната врска. Да не беше тоа немаше да преживеат поради деловните обврски кои ги имаат во текот на денот. Тие се вљубени еден во друг, а покрај тоа што уживаат, често се забавуваат и со заедничките пријатели – вели изворот, кој тврди дека Бајец е сопственик на еден од најлуксузните апартмани во Белград.
-Кој го знае Андреј, знае дека е човек кој инвестира во недвижнини откако почнал да заработува. Станот во кој живее со Ивана е стан со три спални соби, со луксузен мебел, џакузи и огромна тераса, вистински мал рај. Нема сомнеж дека Ивана ужива во својот дом и дека уште повеќе и го олеснува престојот во центарот на градот – вели извор на медиумите.
Дали поради хармоничната врска со Андреј или официјалното преселување, Ивана пред само една недела призна дека фантазира за брак и потомство.
– Сакам деца и брак, заеднички живот, емотивно да вложувам во врска со партнерот. Веројатно наскоро ќе почнам да размислувам за тоа, не поради мојот партнер, туку поради мојата возраст – изјави пејачката за локалните медиуми.
За потсетување, минатата недела излезе веста дека атрактивната пејачка го завела поранешното момче на пејачката Едита Арадиновиќ, хирургот и политичар Андреј Бајец со кој наводно сега чека бебе.
Николиќ наводно не сака да се дознае во јавноста дека е бремена, па планира да ја крие новоста додека не се забележат промени.
-Ивана и Андреј не се разделуваат и се гледа дека љубовта цвета. Одлично и е со него, ја држи како малку вода на дланка, а се шпекулира дека е бремена, сепак на другарките се уште ништо не им потврдила, иако тие први се посомневале. Од нејзината насмевка сфатија дека најверојатно се е вистина, но нормално е дека во таа фаза од бременоста не се кажуваат работите ниту на најблиските. Неодамна беа видени заедно ноќта на денот на изборите, беа поблиски од кога и да било, а Ивана постојано се обидуваше да се сокрие од папараците и припадниците на седмата сила – открил извор близок на пејачката.
Откако се запознаа Андреј и Ивана се во хармонична врска, но таа целосно ја почитува неговата одлука да не се појавуваат во медиумите. Андреј постапувал слично и кога бил во врска со Едита.
Причината за тоа е што Бајец се уште бил официјално во брак со сопругата со која има и син, иако не живееле заедно.