Новости
“Уживаме во врска која никого не повредува”- Снежана Ѓуришиќ искрено за својата врска со гинекологот Вања!
Пејачката ретко зборува за својот љубовен живот
Снежана Ѓуришиќ со децении е присутна на музичката сцена, меѓутоа ретко говори за својот приватен живот.
Сега во гостувањето во емисијата Магазин ИН пејачката за прв пат реши отворено да прозбори за нејзината кариера, но и за приватниот живот.
„Ги сакам сите мои песни. Внимателно избирам песни, целата своја кариера, учествувам во процесот на создавање и се водам од емоции, кои никогаш не лажат. Нема мој хит што сум уморна да го изведам.
Јас сум работохолик и сум воспитана на начин на кој знам дека напорната, чесна и честа работа, секогаш ќе се исплатат. Ми недостасува публиката, контактот со луѓето, музиката, микрофонот, ми недостасува она за што се одлучив во мојот живот.
„Деновиве се обидувам да се одморам и да се разгалам, да читам, да готвам, да барам интересна содржина што ќе ме инспирира“, рече таа во емисијата.
Пејачката со години е во врска со гинекологот Вања Милошевиќ, но ретко зборува за врската во јавноста. Таа истакна дека бракот и документите се сосема неважни, бидејќи тие уживаат во љубовта…
“Вања е позната личност во доменот на неговата професија, појавувајќи се во медиумите. Нашата врска е нешто што е приватно, каде одиме, одиме заедно, правиме договор. Сè што работи како што треба.” “Знаеме која е вредноста и што е важно.Бракот и документот е неважна, и двајцата размислуваме така. Јас бев во брак 36 години и кога го загубив сопругот мислев дека љубов никогаш повеќе нема да се случи. Фала му на Бога што се случи, уживавме во ова, формалностите се секундарни, не се важни “, рече Снежана.
„Зошто луѓето треба да упаѓаат во туѓ живот? Срамота е да се зборува на грд начин за некој што се однесува пристојно и не прави ништо лошо. Јас и Вања сме возрасни и уживаме во врска која никогаш не загрозува никого, а мојата пристојност, воспитание и верувања не ми дозволуваат да искажам нешто повеќе, ниту пак сакам “, изјави Снежана.
Во една прилика таа откри дека Вања и се допаднал бидејќи бил голем џентлмент, но ја освоил и со изгледот, а подоцна се родила и љубовта и сега нема никакви проблеми.
– Во ниедна секунда не беше нападен, ни безобразен, ниту во нешто да претеруваше. Тој начин и пораки, тоа е вонсериски. Мислам дека тој е нешто најубаво, ова денес не е ништо, ова модерно додворување. Кај младите сега има проблеми со недостиг на комуникација, и затоа јас сум прибилигирана што на свои години доживеав некој така шмекерски и џентлемеснаки да ми се додворува и да ми се случи љубов, шо не е ни малку честа појава, истакна пејачката.
Како што рече, најмногу и недостасуваат внуците.
„Имам две деца и четири внуци, а ќерка ми Маја живее во Америка со своето семејство. Бидејќи живеев во Америка, моите патувања не се ограничени и сите беа тука со мене ова лето. Без оглед на честите посети и сите повици, секогаш ми недостасуваат “, изјави пејачката.
Нејзината ќерка Маја е вистинска убавица
Наследила талент од мајката, меѓутоа никогаш не се занималава со пеење. Живее во Америка каде е мажена и има деца.
-Моите деца музички се исклучително многу талентирани, но не сакаа да се занимаваат со работата на своите родители. Маја едно време ја форсирав да почне да пее, зошто има дарба, но не вредеше. Секогаш имаше разни изговори, во зависност од возраста, расположението, па и безбобразлукот – рече за медиумите Снежана Ѓуришиќ.
Инаку претходно Снежана раскажушање дека е горда на својата ќерка Маја, која од неа освен талентот, ја наследила и алчноста, ставот и воопшто однесувањето.