Кафе муабет
УБАВ ПОВОД ЗА СЛАВЕЊЕ ВО ДОМОТ НА АГНЕСА ОРГАНЏИЕВА – Честитки пристигнуваат од сите страни
Убав повод за славење во домот на Агнеса Органџиева ...
Важи за една од најконтроверзните но и најзгодни дами во Македонија. После јавниот развод нејзината популарност на социјалните медиуми вртоглаво порасна, а денес нема бренд што не ја бара за соработка и маркетинг.
Фото:Инстаграм/Агнеса Органџиева
Инфлуенсерка, правник, жена, мајка, кралица…Русокосата чија појава никого не остава рамнодушен.
Фото:Инстаграм/Агнеса Органџиева
После јавниот развод со поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски кој ја разбранува македонската јавност, згодната русокоса не престанува да биде во фокусот на вниманието на љубопитните читатели.
Фото:Инстаграм/Агнеса Органџиева
Во ексклузивното и до срж искрено интервју за Гламур, Агнеса говори искрено за домот, поранешниот брак, нејзините две ќерки, за социјалните медиуми, бенефитите но и хејт-коментарите кои постојано стигнуваат на нејзина адреса.
Дали повторно размислува за брак, таа кажа: ,,Зошто да не, тоа мене не ми значи ништо. Тоа е само лист хартија’’.
Агнеса Органџиева важи за една од најубавите и најдобро стилизираните дами кај нас.
Таа е многу активна на социјалните мрежи и постојано објавува фотографии од кои буквално ќе ви застане здивот. Секогаш средена од глава до пети, таа е вистински пример за комплетна жена.
Неодамна на својот Фејсбук профил објави фотографија од своите ќерки Вивиен и Тифани и предизвика лавина од коментари.
Многумина велат дека го наследиле стилот и убавината од мама Агнеса.
Неодамна во интервју за мама.Гламур.мк таа истакна дека е среќна и исполнета мајка и дека без своите две ќерки не би можела да си го замисли животот.
-Јас како мајка сум доста сериозна и одговорна. Практикувам сè да е по распоред …хранење, капење, спиење, игри, бидејќи за мене секогаш е важен и корисен режимот. Можам и слободно да се наречам кралица на игрите. Иако на изглед наликувам на поладна личност, вистината е дека за мене моите деца се центарот на универзумот и секоја моја акција ја правам во име на нивната среќа.
Денес, во домот на Агнеса има голем повод за славење.
Таа на социјалните мрежи објави фотографија со нејзината постара ќерка Вивијан која студира во Словенија.
Фото:Фејсбук/Агнеса Органџиева
А во описот на фотографијата напиша:
Кога се појави во мојот живот, сакав да го прегрнам целиот свет. Ти си мојата убава душа…Знам за што сонуваше изминатите 18 години, но веќе можеш да размислуваш за следниот 19 ти сон.
Среќен роденден дете мое. Те сакам знаеш!
Среќен роденден Вивијан!