Кафе муабет

,,УБАВ НА ТЕТА – СРЕЌЕН РОДЕНДЕН’’ – Пејачката Ноне Неделковска ќе ве растопи со оваа фотографија

Внукот на Ноне славеше роденден...

И покрај успешната кариера која ја имаше во Македонија како пејачка, Ноне Неделковска сепак реши да пресече со музичката кариера и да замине во потрага по подобар живот.

Фото:Инстаграм/Ноне Неделковска

Со музика започна да се занимава уште како многу мала. Првиот настап го имала на детскиот музички фестивал Златно славејче во 1995 со песната „Каубои смели“.

Фото:Инстаграм/Ноне Неделковска

Таа учествуваше и во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освои второто место.

Фото:Инстаграм/Ноне Неделковска

Но, шоубизнисот го замени за динамична работа, односно започна да работи на брод во Америка.

Иако долго време не е дел од естрадата во земјава, публиката и понатаму ја памети, а нејзините хитови и понатаму се пеат.

Фото:Инстаграм/Ноне Неделковска

Ноне постојано е активна на социјалната мрежа Инстаграм и тами често споделува фотографии од дестинациите кои ги посетува благодарение на нејзината работа.

Фото:Инстаграм/Ноне Неделковска

Ноне објави нови фотографии  на Инстаграм како ужива во кристалните води на Кајманските Острови, а во описот напиша нешто кое го задржа вниманието на нејзината публика:

Фото:Инстаграм/Ноне Неделковска

„Оваа мала госпоѓа сака врска, но сака и да биде сингл. Сака да има врска која ќе заврши со брак, но завршува со мажи што се емотивно недостапни. Обично сум многу пребирлива, а секогаш успевам да го изберам погрешниот’’, напиша Ноне под фотографииите.

Фото:Инстаграм/Ноне Неделковска

На една од нејзините последни објави Ноне позираше со нејзиниот внук, држејќи го во раце.

 

Фото:Инстаграм/Ноне Неделковска

Дефинитивно оваа фотографија ги стопи срцата на нејзините фанови.

,,Убав на тета – среќен роденден’’ напиша пејачката во описот на фотографијата.

Фото:Инстаграм/Ноне Неделковска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close