Кафе муабет

Убави вести од домот на Бали бег, приновата СТИГНА! Погледнете ја првата фотографија!

Добија милениче...

Бурак Озџивит на нашите простори се прослави со улогата на Бали-бег во хит серијата „Сулејман Величествениот“ и стана миленик на многу жени, а срцето на заводникот кој имаше бурен љубовен живот го украде актерката Фахрије Евџен позната по улогата на Неџла од серијата “Кога лисјата паѓаат”.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Во 2017 година сопругата на Бали бег раскина со популарниот актер во Истанбул, за во 2019 година нивното семејство да добие уште еден член, синот на кој му го дадоа името Каран.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Популарниот пар привлекува големо внимание кај турската јавност, а медиумите во неколку наврати ги разведуваа, а шпекулациите за несогласувања во бракот се почесто ги полнеа весниците.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Парот суптилно ги демантираше приказните за раскинувањето со своите објави на „Инстаграм“ без да им придава преголемо значење на овие написи.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Покрај нивното единствено дете, Бурак и Фахрије уживаат во голема љубов која успешно се спротивставува на сите предизвици, а не е тајна дека планираат и проширување на семејството, кое двајцата сопружници со нетрпение го очекуваат. Сепак, додека малиот Каран не добие брат или сестра родителите го збогатиле својот дом со уште едно милениче, со што убавата актерка се пофали на „Инстаграм“.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Фахрије со својата најнова фотографија предизвика лавина од коментари, а сите се воодушевени од преслатката пудлица која ќе биде одличен придружник за неа и синот на Бурак.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Неодамна шармантниот актер и убавата Фахрие ја прославија четвртата годишнина од бракот. Иако досега не ги коментираа наводите, особено оние за развод, овојпат решија да докажат дека тие не се точни. А дека нема причина за грижа потврдуваат и идиличните фотографии и веста за приновата.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Каран е роден на 14 април 2019 година, а секоја негова фотографија ги воодушевува обожавателите на познатите родители.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Фахрие во една прилика зборуваше и за промените што и се случиле во животот откако во 2019 го роди Каран.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

„Отсекогаш мислев дека добро управувам со моето време и бев горда на самата себеси, бидејќи тука беше универзитетот, мојот деловен живот, успеав успешно да го менаџирам сето тоа, но откако бебето влезе во мојот живот, видов дека не е баш така лесно, тоа потполно го преврте мојот ритам“.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

„Тоа е така затоа што бебето има свој ритам и мајката мора да одви време за него“, зборуваше актерката на состанокот.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

„Долго време немав поддршка од никого, освен од Бурак. Од тие причини дојде и до сериозни промени во мојот живот“ изјави Фахрие.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close