Дом и семејство

Убавата Шехерезад соопшти убави вести: Фановите пресреќни- омилената турска актерка ги израдува сите

Се враќа на малите екрани...

Турската актерка Бергузар Корел ужива во бракот со познатиот актер, Халит Ергенч, кој во јавноста е познат како Онур од серијата 1001 ноќ, но и Сулејман Величествениот.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Убавата актерка го привлече вниманието со својата необична љубовна приказна, со оглед на тоа што Халит поради неа ја остави бремената сопруга.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Овој пат нивното семејство се најде во фокусот на медиумите воглавно поради живеењето на две адреси.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Тие живеат на релација Лондон-Истанбул, а неодамна беше објавено дека трајно ќе се преселат во британската престолнина.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Сепак, на задоволство на нивните фанови, парот реши да го продоли животот во Турција, поради деловни и семејни обврски, а многумина се израдуваа на веста дека Бергузар по породувањето со ќерката Лејла, се враќа на малите екрани.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Покрај претставите, таа почна да работи и на некои телевизиски проекти, а со оглед на тоа дека поради децата беше на подолга пауза, оваа информација воодушеви многумина.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

– Само што почнав да читам сценарија, искрено. Ако има работа за која сум возбудена во вистинско време, можам веднаш да почнам – изјавила актерката на која дури и бил откажан еден голем проект бидејќи била бремена и не можела да се обврзе.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Ја промени фризурата

Сепак, и покрај тоа што подолго време не се појавува на малите екрани се чини дека нејзината слава не опаѓа, бидејќи медиумите постојано пишуваат за неа. Сега главна тема беше нејзината фризура.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Имено таа сподели фотографија на Инстаграм па од армијата на обожаватели доби само пофални зборови.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Повеќе од два милиони следбеници уживаат во фотографиите на убавата Шехерезада, нејзиниот сопруг и нивниот заеднички дом.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Сега актерката препознатлива по својата коса, се осмели да направи голема промена – ја обои густата, темно кафеава коса и ги исече шишките.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

– Повторно го направив тоа, напиша на шега Бергузар, која и претходно знаеше да ги изненади следбениците со промени.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Најдрастична промена направи кога ја скрати долгата, бујна коса и тогаш беше снимена последната епизода од серијата „Ти си мојата татковина“.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

За да го зададе „последниот удар“ и да се раздели со улогата на Азизе, сопругата на Халит ја скрати косата.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Ова шокираше многумина, бидејќи нејзината коса не беше само нејзин заштитен знак, туку и извор на приход, благодарение на профитабилните реклами што ги сними со неа.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Сепак, сите се согласуваат дека новата боја и стои одлично, а фризерите не потсетуваат дека фризурата е најбрзиот начин за подмладување!

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close