Кафе муабет
Убавата Шехерезад замина на заслужен одмор во Лондон- објави фотографии кои го одземаат здивот
Реши да прошета низ лондонските улици...
Популарната турска актерка Бергузар Корел, на нашите простори позната како Шехерзад од омилената серија „Илјада и една ноќ“ замина на заслужен одмор во Лондон.
Своите следбеници секојдневно ги забавува со нови фотографии и видеа кои ги споделува на социјалните мрежи.
Од нејзината насмевка може да се забележи дека навистина ужива во ова патување.
-Лондон секогаш ми е сладок – напишала убавата актерка во описот на новите фотографии на Инстаграм, а нејзините следбеници ја опсипаа со лавина коментари и комплименти за тоа колку убаво изгледа.
За потсетување, турската актерска двојка која имавме можност да ја погледнеме во серијата „1001 ноќ“ неодамна по трет пат се остварја во улогата на родители.
Убавата Шехерзада, актерката Бергузар Корел, го донесе своето трето дете, девојчето на кое му го даде името Лејла.
Актерката реши јавно да го сподели своето лично искуство од третото раѓање и посочи дека секое породување е разлилно.
“Приказната на Лејла беше посебна од првиот ден. И покрај силната болка што ја чувствував, на прагот од болницата реков дека нема да го родам ова девојче до 10 часот. На крајот од 40-та недела, докторот ми објасни дека тоа беше причината зошто нашата девојка сè уште не беше подготвена.
„Можеби папочната врвца е прекратка“, рече тој. Часовите минуваа и моето тело беше целосно подготвено за бебето да излезе. Сепак, таа одлучи да не држи во неизвесност. 11 болни часови поминати во болница Лејла се роди точно во 10 часот – како што мислев. Се роди со папочна врвца завиткана околу вратот и ме спречија да ја земам во раце. Иако се беше подготвено, Лејла се роди кога таа беше подготвена“, рече Бергузар.
Актерката во објавата сподели и неколку фотографии од породувањето, а со тоа, покажувајќи храброст, порача дека секое бебе е различно, а со тоа и – секое раѓање.
Инаку пред една недела таа ги освои сите симпати кога излезе на првата прошетка со својата ќерка и ја доеше јавно во кафуле.
Многумина го поздравија овој потег, бидејќи актерката ги руши табуата за доење во јавност, што е сосема природна и неопходна појава.