Кафе муабет

Убавата Хурем никогаш посреќна: Сподели семејни фотографии и покажа како изгледаат нејзините родители- еве од кого ја наследила убавината

Прославија роденден на Лили...

Турската актерка Мерјем Узерли целосно се посвети на улогата на мајка, па откако ја доби и втората наследничка, ќерката Лили речиси и не ја гледаме на малите екрани.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Турската актерка која се прослави со улогата на султана Хурем во серијата Сулејман Величествениот, пред неколку дена на својот Инстаграм профил сподели низа фотографии и откри како го прославила вториот роденден на својата помала ќерка.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Малата Лили наполни две години, а во својот дом, кој беше специјално уреден за таа прилика, прослави  роденден со најблиските.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Ќерката на Мерјем Узерли се израдувала на подароците, особено на малиот автомобил кој како да е направен специјално за неа.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Таа беше придружувана од нејзината постара сестра Лара, мајката, бабата Урсула и дедо Хусеин, родителите на популарната актерка.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Собата беше украсена со златни балони на кои пишуваше „Среќен роденден“ на англиски јазик. Таму беа и омилените играчки на Лили но и домашното милениче.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Лили носеше фустан во бели и розови тонови, со голема машна. А згодната мама, која и соопшти дека сите многу ја сакаат, изгледаше како вистинска принцеза, додека госпоѓата Урсула Узерли стајлингот го комплетираше со сина капа.

фото инстаграм/Мерјем Узерли
фото инстаграм/Мерјем Узерли
фото инстаграм/Мерјем Узерли
фото инстаграм/Мерјем Узерли
фото инстаграм/Мерјем Узерли

Сега со сигурност може да се каже дека познатата актерка која на овие простори се прослави со улогата на Хурем во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“ денес може да се пофали со одлична кариера и деловен успех а пред се со хармоничен живот за кој и требаше доста време.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Имено по сите неубави случувања кои ја снајдоа, таа конечно е среќна и задоволна покрај својот партнер и двете ќеркички.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Иако улогата на Хурем и донесе светска популарност, Мерјем сепак ја напушти серијата и замина во родната Германија, поточно Берлин.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Многумина беа прилично изненадени од нејзината одлука, а продуцентот на серијата Тимур Савџи во една емисија изјави дека главната причина е тоа што актерката боледувала од психолошко пореметување познато како „синдром на прегорување“ и не можела повеќе да го издржи напорното снимање.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Симптомите на овој синдром се безволност, замор и недостаток на ентузијазам, а со текот на времето се се претвори во хроничен стрес пропратен со несоница, главоболка, намален имунитет, висок крвен притисок, депресија, напади на паника и нарушена концентрација. Откако го почувствува сето ова, актерката реши да го напушти проектот.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Како што објавија медиумите, актерката наводно имала проблеми со килограмите за време на снимањето на оваа серија поради што се чувствувала лошо и имала проблеми со самодовербата.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Токму кога решила да си го среди животот пристигна нов удар. Имено, нејзиниот 17-години постар партнер, претприемачот Џан Атеш, ја оставил кога дознал дека актерката е во бремена.

фото инстаграм/Мерјем Узерли

Медиумите тогаш на големо пишуваа дека поради тоа Мерјем доживеала нервен слом, по што се обидела да се самоу-бие скокајќи од балконот, но за среќа се здобила само со полесни повреди. После тоа била сместена во психијатриска болница во Германија.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Подоцна ја роди ќерката Лара Жемина на која целосно и се посвети и во неа најде нова смисла во животот.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли

Актерката денес живее хармоничен живот и е опкружена со многу љубов а тоа може да го заклучиме и по фотографиите кои ги споделува.

фото инстаграм/ Мерјем Узерли
фото инстаграм/ Мерјем Узерли
фото инстаграм/Мерјем Узерли
фото инстаграм/Мерјем Узерли
фото инстаграм/Мерјем Узерли
фото инстаграм/Мерјем Узерли

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close