Кафе муабет
Убавата Суреја која вереникот ја остави пред олтар, момчето ја изневери со нејзината колешка конечно блеска од среќа: Никогаш не била поубава, погледнете како изгледа сега
Ужива на одмор...
Турската актерка Асли Енвер, на нашата публика попозната како Суреја „Истанбулска невеста“, важи за една од најплатените актерки во Турција.
Убавата актерка со турско потекло објави фотографии на својот Инстаграм во одлична летна комбинација во жолта боја, а своите следбеници ги воодушеви со тоа колку зрачи со среќа и убавина.
Горниот и здолништето го збогати во златно-жолта боја со обетки во облик на цвет и нараквица во златна боја.
Во оваа комбинација Асли ја покажа својата извајана фигура која е резултат на секојдневниот тренинг и здравата исхрана.
Инаку, Асли не открива многу за приватниот живот, но медиумите често пишуваа дека убавата актерка нема среќа во љубовта, но одлично и оди во бизнисот.
Таа е една од најангажираните и најплатените актерки во Турција.
Благодарение на серијата Истамбулската Невеста главната актерка Асли Енвер која што го толкуваше ликот на Суреја Боран стана една од омилените.
Таа во приватниот живот се омажи за актерот Биркан Сокулуа во 2012 година, а по три години решија да се разделат.
Асли подоцна започна врска со пејачот и актерот Мурат Боз кого го запозна на снимањето на серијата „Мој брат“.
Нивната врска траеше до април 2018 година, кога се разделија. Таа не криеше дека е среќно вљубена во него, но нејзината среќа траеше до моментот кога сите медиуми во Турција објавија дека Мурат ја оставил Асли по три години врска.
Таа наводно по оваа врска се гледала со поранешниот кошаркар Керем Тунчери (41), кога на своите пријатели им се пофалила дека прв пат е вистински заљубена. Но како што пишуваа турските медиуми, кошаркарот наводно ја оставил заради нејзината колешка, 39 годишната Ѓокче Бахадир, која нашатата публика ја запозна по хит серијата „Кога лисјата паѓаат“ каде ја толкуваше улогата на Лејла, една од ќерките на Али.
Тие планираа заеднички живот, но тогаш дознала дека има љубовничка. Асли мисли дека нејзината колешка намерно завршила во креветот на нејзиниот партнер и дека тоа го направила плански.
Таа беше очајна и кога нејзиното претходно момче, Мурат, непосредно пред венчавката реши да си ги спакува куферите и без да и каже замина за Мајами, каде го промени телефонскиот број и некое време беше недостапен за неа.
Како што објавија тогаш турските медиуми, популарниот музичар тоа го направил заради љубоморните испади на познатата актерка, и наводно откако се покајал за својата постапка, Асли му пружи уште една шанса.
Инаку, Асли во „Истанбулската невеста“ ја глумеше скромната и добродушна Суреја, талентирана музичарка која живее со својата тетка, која е нејзина единствена роднина. Нејзиниот живот засекогаш ќе се промени откако ќе се вљуби во Фарук Боран, богатиот и згоден деловен човек чие семејство е едно од најстарите и најбогатите семејства во цела Турција. Нивната љубов која пркоси на обичаите од средината во која што потекнуваат, ќе помине низ голем број искушенија, се додека истанбулската невеста не биде потполно растргната помеѓу традицијата и модерниот свет во кој што живее.
Таа тогаш призна дека му дала уште една шанса, и покрај тоа што нејзините блиски не се согласуваа и ја предупредуваа да не го прави тоа. И тие очигледно биле во право. Но убавата актерка реши повторно да се впушти во љубовна авантура со музичарот кој за кратко време повторно ќе реши да ја прекинат врската затоа што наводно не можел да ги трпи љубоморните испади на Асли и нејзината желба за контрола. Целата ситуација ја донесе до психички слом, а извор близок за турските медиуми тогаш прв пат откри дека познатата актерка почнала да се чувствува непријатно и непосакувано и дека сега има проблем со самодовербата.
„Ни еден маж не ме сака зашто не сум убава како останатите актерки. Усните не ми се доволно големи, очите премногу ми се вовлечени и изгледам депресивно заради обликот на моето лице“, наводно се пожалила тогаш истанбулската невеста пред една своја пријателка, пишуваа турските медиуми.
„Претешко беше кога се разделивме. Тоа е најлошо во врската, но тешко е и кога вашиот партнер не може да ве разбере на вистинскиот начин. Секоја врска е поинаква, но најважно е лицето со кого сте во врска најпрво да го гледате како човек, а не како момче или девојка. Тоа е најдобар начин да поставите темели за здрав однос“, изјави бринетата која тогаш призна дека до следниот брак не би сакала да живее со маж бидејќи мисли дека нивната љубов на тој начин би се потрошила, а проблемите би останале нерешени.
Шармантната актерка е родена во Лондон, каде живееше до својата 12 година. Нејзиниот татко е Турчин кој пораснал во Лондон, каде ја запознал нејзината мајка Дилек, која дошла на студии во Англија, и се оженил со неа.
Асли кога дошла да живее во Турција во 1996 година не знаела да зборува турски, туку само англиски и има британски пасош.
Нејзините родители се разведени, во Турција се врати со нејзината мајка.
Кога животот пред вас ви става тешки предизвици, вие ги прифаќате, не очајувате – ова е животното мото на 36 годишната актерка Асли Енвер која што македонската публика ја засака со нејзината генијална улога во популарната серија Истанбулска невеста.
Иако на деловен план веќе со години и оди одлично, таа не може многу да се пофали и со нејзиниот љубовен живот.