Кафе муабет

Убавата Ранија на погребот на кралицата Елизабета облече фустан од омилената дизајнерка на Кејт Мидлтон

Повторно издоминира...

На вчерашниот погреб на кралицата Елизабета Втора присуствуваше и јорданската кралска двојка, која по кратката посета на Франција се упати кон Велика Британија.

фото инстаграм/Кралица Ранија

Пред погребот на кралицата Елизабета, кралот Чарлс Трети оваа недела организираше прием за шефови на држави и официјални гости од странство во Бакингемската палата, каде јорданската кралица Ранија пристигна во друштво на кралот Абдула Втори.

фото инстаграм/Кралица Ранија

Една од најубавите и според многумина најдобро облечени дами од кралскиот двор, како и многу дами, на свечениот прием во Бакингемската палата се појави облечена во црно од глава до пети, придржувајќи се до пропишаниот кодекс на облекување.

фото инстаграм/Кралица Ранија

Изборот на јорданската кралица падна на елегантен модел на фустан со потпис на британската дизајнерка Алесандра Рич, а со тоа што реши да го носи, кралицата Ранија суптилно им оддаде почит на домаќините.

фото инстаграм/Кралица Ранија

Префинетите креации на Алесандра Рич, имаат лојални следбеници меѓу познатите љубители на модата вклучувајќи ја британската омилена и нова принцеза од Велс, Кејт Мидлтон.

фото инстаграм/Принтскрин

Споменатиот фустан, со горен дел кој во дизајнот наликува на смокинг, убавата кралица го надополни со црни чевли со шпиц и мала чанта со вкрстена тока, која како и чевлите ја потпишува познатиот дизајнер Маноло Бланик.

фото инстаграм/Принтскрин

Пред погребот на кралицата Елизабета Втора, Ранија даде телевизиско интервју во кое се осврна на владеењето на кралицата Елизабета Втора. За таа пригода, таа избра дводелен комплет составен од едноставни панталони до глужд и прекрасно сако со предни џебови со потписот на брендот Rasario. Таа го надополни овој изглед со сандали од Џенифер Шаманди.

фото инстаграм/Принтскрин

Да потсетиме, кралицата Ранија која според многумина е една од најелегантните дами од кралскиот двор, веќе 20 години е со нејзиниот сопруг, кралот Абдула II, на престолот на арапската држава Јордан.

фото инстаграм/Кралица Ранија

Оваа убава кралица, освен по својот префинет моден стил, исто така е познат и како силен поддржувач на еманципацијата на жените во арапскиот свет, и на сето тоа, таа постојано се залага и за потребата од поголема вклученост на жените во образовниот процес. Таа за ова зборуваше и во своето големо интервју што го даде за арапскиот Harper’s Bazaar.

фото инстаграм/Кралица Ранија
фото инстаграм/Кралица Ранија

„Мислам дека е најважно од се е да бидете автентични, да се живее во склад со верувањата и да се биде искрен, особено денес, кога во јавноста доминира омразата, нетрпеливоста, гневот, лутината и стравот.

фото инстаграм/Кралица Ранија

Ова исто така важи за луѓе кои се на влијателни позиции“ – рече убава кралица.

фото инстаграм/Кралица Ранија

Што се однесува до нејзиниот стил со кој и за западњаците важи за симбол на модерната арапска жена, таа вели:

фото инстаграм/Кралица Ранија

„Секогаш избирам облека во склад со мојата функција. Не ги следам трендовите, туку секогаш го избирам она во што се чувствувам најдобро. Најдобро се чувствувам во едноставна облека, тоа најдобро ме опишува. Се разбира, секогаш ќе има коментари на сметка на модниот израз, но претпочитам да зборувам за мојата работа. Кога сте јавна личност, тоа на некој начин ви влегува и во описот на работното место“.

фото инстаграм/Кралица Ранија

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close