Дом и семејство
Убавата Анастасија сите ја знаете, но погледнете ги нејзините сестри: Ова се децата на Наум Петрески, тие се негова најголема гордост!
Наум има четири деца...
Зуица Лазова и Наум Петрески се заедно околу две децении и важат за една од најхармоничните двојки на естрадата.
Имено од нивната љубов се родија ќерката Македонка и синот Стефан. Ќерката студира соло пеење а Стефан свири на гитара.
Како што неговиот татко во една пригода ќе изјави, и тој го наследил талентот на своите родители па убаво пее, но дали музиката ќе ја избере како професија во животот, останува тој самиот да одлучи.
Пејачот претходно 20 години беше во брак со Верче, и од овој брак ги има ќерките Анастасија и Сања со кои е во одлични односи.
Сите четворица имаат наследно талент за музика и ја сакаат убавата песна. Анастасија веќе сите ја знаеме по нејзиниот извонреден глас и талент со кој ја плени публиката.
Зуица во едно интервју за Магазин откри дека и Македонка тргнала по патот на своите родители.
„Македонката е веќе на музичка академија има 19 години и е прва година на соло пеење, а Стефан е сѐ уште во основно училиште. Инаку свири на гитара, па ќе видиме дали и тој ќе ја избере музиката.“, кажа Зуица и откри на кој повеќе личат, на неа или на Наум:
„Малку ни се поделени. Македонка повеќе наликува на Наум, но милувам да кажам дека Стефан повеќе личи на мене. Јас сум убедена во тоа“, заврши пејачката.
Оние што ги познаваат Зуица и Наум имаат само пофални зборови и за нив како родители, но и дека нивниот наследник е слика прилика на својот татко. Имено, Стефан и покрај тоа што се уште е основно училиште, тој порасна во вистинско момче и се повеќе наликува на својот татко.
Тоа впрочем можеме да го видиме и од фотографијата што Зуица неодамна ја објави и на која ужива со својот наследник.
Што се однесува пак до најстарата ќерка, Анастасија, таа е во брак со пејачот на „Биоритам“, Владимир Поповски.
И таа е позната фолк пејачка, но откако се оствари во улога на мајка реши да ја стави музичката кариера на пауза и им се посвети на своите деца и семејството.