Uncategorized

Треба ли да спиеме заедно за да биде се во ред- Весна Змијанац конечно проговори за односнот со зетот!

Таа тврди дека меѓу нив се е во ред...

Во јавноста веќе подолго време се шпекулира дека пејачката Весна Змијанац не е во добри односи со зетот, Реља Поповиќ, сопругот на нејзината ќерка Николија.

фото инстаграм/Весна Змијанац
ФОТО: Инстаграм/ Весна Змијанац
ФОТО: Инстаграм/ Весна Змијанац

Весна сега се огласи по ситуацијата на аеродромот, која ги подгреа шпекулациите дека нешто не е во ред меѓу неа, нејзината ќерка Николија Јовановиќ и зетот Реља Поповиќ.

Станува збор за тоа дека тие се однесувале како потполни странци, бидејќи со ист лет дошле во Белград, но од аеродромот заминале сосема одделно. Така Весна сама ги носела работите, без никаков контакт со ќерката и зетот.

ФОТО: Инстаграм/ Весна Змијанац
ФОТО: Инстаграм/ Весна Змијанац

Сепак, Змијанац посочува дека ништо не е како што изгледало.

– Во авионот седевме сосема одделно- јас бев на почетокот, тие на крајот. Не ми помогнаа со работите, бидејќи имав само еден куфер, има тркала, никој не треба да ми помага во тоа. На аеродром ме чекаше пријател, а тие се возеа со такси, беа четворица, со нив беа и менаџер и диџеј… – изјавила Весна за Телеграф.рс.

ФОТО: Инстаграм/ Весна Змијанац

Змијанац истакнува дека разговарала со ќерката и зетот на аеродромот во Цирих и дека секој си тргнал по својот пат во Белград. Таа тврди дека меѓу нив се е во ред.

ФОТО: Инстаграм/ Весна Змијанац

– На аеродромот во Цирих цело време бевме заедно, разговаравме. Треба да спиеме заедно за да мислите дека се е во ред? Секако дека сме во добри односи, дека се е во ред. Како може нешто да не е во ред? –  изјави пејачката.

Змијанац истакна дека нејзините внуки се преслатки и дека се грижи за неа и поминува време со неа кога може.

ФОТО: Инстаграм/ Весна Змијанац

– Мојата внука е многу симпатична, толку е симпатична, таа е куклата на баба. Се грижам за нив кога можам, вчера беа со мене – рекла Весна.

Фото Фејсбук/Николија Јовановиќ

За потсетување, пејачката Николија Јовановиќ во јули годинава ја род својата втора ќеркичка. Таа сега призна дека обврските околу децата ги дели со сопругот, но пред тоа мора да го погледне неговиот распоред кој е згуснат поради деловните обврски.

ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм
ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм

Пејачката неодамна рече дека нејзиниот партнер Реља Поповиќ и таа ги делат обврските околу нивните ќерки, но и нејзината мајка Весна Змијанац и помага кога тоа ќе и го дозволат обврските.

ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм
Фото Инстаграм/Николија Јовановиќ

„Јас и Реља ги делиме обврските 50:50. Мајка ми нема слободен викенд до февруари. Се восхитувам од каде доаѓа нејзината сила. Кога ми го прочита нејзиниот репертоар и датумите сфатив дека нема да се видиме наскоро. Исто е и со Реља. Има снимања, настапи…“, изјави Николија за Блиц.

ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм
ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм
ФОТО: Николија Јовановиќ / Инстаграм

„Јас и Реља си го чуваме приватниот живот. Мојата среќа е секако голема, иако не секогаш ја споделувам со медиумите и обожавателите затоа што едноставно ги одвојувам приватното и деловното. Да го вратам времето, нема да го откријам ниту името на првото дете. Имаше еуфорија и медиумите беа пред породилиштето кога ја родив Реа. Сега се ни се среди и решивме да ги криеме децата од медиумите и социјалните мрежи“, изјавила пејачката.

Фото Инстаграм/Николија Јовановиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close