MAMA
Трајче и Кате го прославија вториот роденден на Ана – мајката и ќерката блескаа на прославата!
Познатиот пар го прослави роденденот на својата наследничка
Причината за прослава беше преубава
Познатиот пар имаше голема причина за славење, па по тој повод и двајцата се огласија преку социјалните мрежи.
Кате Брезева и Трајче Бондиков од „Соната“ го прославија вториот роденден на нивната ќерка.
Тие на својата наследничка Ана и направија бајковита прослава, a истиот ден и направија и крштевка.
„Среќен роденден и крштевка“ напиша гордиот татко на Инстаграм под фотографијата со неговата ќерка.
Гордата мама на прославата блескаше во мал црн фустан, а славеничката во преубаво жолто фустанче.
Кога дојде ред да ги дувне свеќичките, малата Ана заблеска од среќа, радувајќи и се на тортата во бела и розова боја.
По дувањето на свеќичките следуваше честитање и бакнување, додека Ана се топеше од среќа и им се радуваше на балоните.
Трајче на својот Инстаграм профил објави фотографија и покажа како изгледаше неговата Ана во тој момент.
Целиот простор беше украсен бајковито со балони во сите бои и розови мечиња, а тортата беше по желба на славеничката.
Инаку, Трајче и Кате на своите профили редовно објавуваат фотографии од нивната наследничка.
Тие и двајцата уживаат во секој момент што ќе го поминат заедно, а како изгледаат можете да погледнете во продолжение.
Пред да се земат беа 18 години во врска
Познатиот пар цели 18 години беше во врска, а пред две години, еден месец пред Кате да се породи, се заколнаа на вечна љубов.
Убавата велешанка беше во осмиот месец кога запловија во брачните води, така што набргу им пристигна и малата Ана.
Откако се породи, Кате за многу кратко време повторно беше онаа истата, како и од пред бременоста.
Таа деновиве на својот профил на социјалните мрежи објави и неколку фотографии на кои носи интересни модни комбинации, а фановите се воодушевени од тоа како пејачката изгледа сега.