Кафе муабет

ТРАГЕДИЈА КОЈА МУ ГО СМЕНИ ЖИВОТОТ: Невестата почиna на денот на свадбата, бебето преживеа а тој остана сам да се грижи за неа!

Џесика се онесвести во лимузината на пат кон црква, а причината беше многу сериозна...

Најубавиот ден, се претворил во пекол за овој пар. Имено наместо да се радуваат на нивната свадба се случи голема неочекувана трагедија. Невестата доживеа мозочен удар во лимузината. И покрај трагедијата и шокот што го доживеал младоженецот, бебето преживеало.

На денот кога Џесика Гуедеш (30) од Бразил требаше да се омажи за 31-годишниот Флавио Гонславез, се случи нешто незамисливо. Додека Флавио ја чекаше својата сакана пред црковниот олтар, неговата невеста умир0аше.

„Бев загрижен затоа што ја чекав долго и и требаше многу време да дојде“, рече Флавио.


Подоцна откри што се случило.

Џесика се онесвести во лимузината на пат кон црква, а причината беше многу сериозна.

„Ја отворив вратата на автомобилот, а таа лежеше. Се освести и почна да разговара со мене. Јас и реков да одам со неа. Таа рече дека е добро, но дека задниот дел од вратот страшно ја боли “, рече Флавио.

Флавио веднаш ја препозна опасноста. Џесика веднаш била пренесена во болницата каде била откриена причината за нејзините симптоми.

Флавио беше во шок. Никогаш не помислувал дека ќе биде самохран татко, но бил свесен дека на овој свет доаѓа дете. Флавио е среќен што барем бебето можеше да преживее.Џесика беше во 29-та недела од бременоста. Таа помина 70 дена во болницата борејќи се со многу болести и проблеми. Но, Бог се погрижи малата Софија да преживее.

И покрај тоа што Џесика поч0ина зад себе го остави најголемото богатство.

„Џесика беше прекрасна личност која го сакаше животот, таа беше позитивна“, рече Флавио, „Бев многу среќен што ќе бидам нејзин сопруг и татко на нашата ќерка“. Но, ќе бидам силен и нема да се откажам без оглед на сè “.

Сега Флавио сака да и покаже на својата ќерка колку нејзината мајка ја сакаше.

„Љубовта на мојот живот ме научи како да ја воспитам мојата ќерка “, додаде тој.

Иако е соочен со голема трагедија, сепак неговата ќерка ја гледа како благослов .

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close