Кафе муабет

ТОЈ РОКЕР, ТАА ФОЛКЕРКА: Иако се различни светови љубовта им цвета- Александра и Исак открија детали за нивната врска!

Заедно се три месеци...

Новиот пар на српската естрада, Александра Младеновиќ и Исак Шабановиќ, отворено проговорија за својот љубовен живот.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

Откако папараците ги „уловија“ заедно, двајцата не се разделуваат и повеќе не се кријат, а нивната врска на многумина им е чудна бидејќи Александра е фолкерка додека Исак е рокер.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

“Навистина чудно. Првпат дојдов на нејзин настап, мојот пријател работи со неа како гитарист. Ме повика да отпеам песна”, рекол Исак, а неговата девојка додала:

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

“Секогаш поканувам колега да пее песна, после тоа често се среќававме на свадби. Не затвораше уста, мислев дека човекот е луд. Ми беше интересен потоа, го поддржаа многу јавни личности, јас не замислував дека ќе имам дечко рокер. Јас сум фолк пејачка која ја слуша Живкица Милетиќ,а тој сака да заспива со блуз. За мене Живкица е блуз. Не спиеме со блузот затоа што го гасам .

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

„Дали вие двајца веќе спиете заедно?“, праша водителот на емисијата „Ами Џи шоу“.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

„Заедно сме веќе три месеци, не сме почнале да живееме заедно“, истакна Александра.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Во една прилика раскажа и како се запознале…

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

-Се гледаме, се слушаме секој ден, но деловните обврски не можат да чекаат. Се разбира тоа не влијае на врската, се сакаме повеќе од кога било. Не е љубоморен, тој е сигурен во мојата љубов. Ова не е врска на далечина, речиси секој ден сме заедно, но имаме и настапи.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

– Убаво е, уживаме во љубовта. Тој дојде на мој настап и мислам дека прв ме забележа. Не обрнав внимание веднаш, па почнавме да се гледаме подоцна. Тој е многу срамежлив, но јас не бев првата што му пријде. Сè дојде спонтано – изјави Александра и додаде:

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

-Не ги запознав неговите родители, ги видов преку видео повик. Мама го запозна затоа што често е со мене и сега ме задеваат заедно.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Александра откри и што ја привлекло кај Исак, велејќи дека тој некако се истакнувал меѓу бројните додворувачи.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

– Ме привлече неговата душа и искреност. Тој е внимателен, а денес е реткост да се најде таков човек – изјавила пејачката, пренесува Блиц.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Исак неодамна откри дека уживаат во љубовта.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

– Така е, јас и Александра сме во врска. Се обидовме да ја скриеме нашата љубов од очите на јавноста, но бидејќи и двајцата се занимаваме со музика и сме јавни личности, не успеавме. Можам само да кажам дека ни е убаво и дека уживаме во љубовта – призна Шабановиќ.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

Александра на роденденот на Анастасија Ражнатовиќ дојде сама и тоа подгреа сомнежи дека можеби раскинала со Исак но сепак тоа не е точно.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

Пејачката истакна дека напорниот распоред не влијае на нејзината врска туку напротив се сакаат повеќе од било кога и откри дека за сега се уште немаат планови за да живеат заедно.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close