Кафе муабет
Тој и бил прво момче: Оваа мисица е поранешна девојка на Андрија Милошевиќ- беше заљубев до уши во оваа дама!
Денес и двајцата се во среќен брак...
Познатиот актер Андрија Милошевиќ долги години ужива во хармонична врска со колешката Александра Томиќ со која неодамна го доби синот Реља, па поради тоа и ретко кој се сеќава на неговите поранешни девојки.
Андрија пред да биде во врска со неговата сегашна сопруга беше во љубов со поранешната мисица . Станува збор за поранешната мисица Ана Шаин со која се забавуваше година и пол. Тие се запознале во 2005 година, кога тој беше ѕвезда на серијата „Мешан брак“, за која еднаш кажа:
‒ Се запознавме случајно, како што обично се случува. Во клубот Колинг беше организирана прослава на која бевме поканети и двајцата. Пристигнав многу доцна, за малку и немаше да дојдам, а таа веќе беше таму. Ми се допадна на прв поглед, па подоцна ја замолив Тања Војтеховски да не запознае. Така започна се.
На прашањето како го освоила девет години помладата Ана, тој одговорил:
‒ Пред се со нејзиниот изглед, а кога подобро ја запознав, ме воодушеви со својата искреност и благородност. Да не зборуваме за убавината. Ана е навистина убава девојка.
Андрија немаше предрасуди дури и кон тоа што неговата сакана учествуваше на натпреварот за мис.
‒ Тие девојки само се обидуваат да си го најдат местото под сонцето, а за да успеат треба да бидат амбициозни и интелигентни. Кога Ана се пријавила на конкурсот за најубава девојка во Србија, меѓу другото, целта и била да добие стипендија која ќе и овозможи да се запише на факултет – и успеала. Ги поддржувам сите нејзини одлуки. Ако таа е среќна, тогаш сум и јас.
‒ Се забавувавме две недели пред да започнеме врска. Пред Андрија никогаш немав момче, па другарите се шегуваа дека се однесувам како калуѓерка и дека е време да најдам некого. Откако се запознавме, јас и Андрија останавме во контакт, сакав да се дружиме, но не ни размислував за врска. Затоа што има предрасуди за актерите дека се љубовници и пијаници, што исто така ми се вртеше низ глава, додека не го запознав подобро и не се уверив во спротивното – рече Ана во едно интервју.
Ана исто како и Андрија денеска има семејство. Таа е во среќен брак и има ќеркичка.
‒ Веќе неколку години работам во јавно претпријатие. Во меѓувреме се омажив и сега се презивам Живковиќ. Имам и ќерка Лара. Се занимавам со мода онолку колку што ми дозволува времето, пред се поради љубовта кон таа работа – изјавила поранешната мис шарм.