Кафе муабет
ТОЈ Е НАЈЗГОДНИОТ ДОКТОР ВО МАКЕДОНИЈА: Иако има извајано тело, мускулите им “пречат” на пациентите- “Докторе, не ти личи, што ќе речат луѓето”
Се обрати јавно до оние кои го критикуваат...
Кардиологот Александар Стојменов, е еден од оние кои го негуваат своето здравје со здрава исхрана и вежбање.
Имено тој покрај тоа што го поминува денот прегледувајќи пациенти, се занимава и со бодибилдинг и овој пат реши гласно да зборува за своето хоби за кое како што вели многумина го осудуваат.
Кога ќе го погледнете неговиот профил на Инстаграм, ќе сфатите зошто тој важи за еден од најзгодните доктори во Македонија, но и покрај тоа што има извајано тело добива низа критики.
Изреволтиран од оние како што ги нарекува самиот, искомплексираните, реши да се огласи на својот Инстаграм профил и упати јасна порака.
Меѓудругото Стојменов посочува дека било кој физички атрибут не го прави полош или подобар доктор, и се осврна на оние кои искрено го поддржуваат.
Во целост ја пренесуваме неговата објава:
Докторе,не ти личи…
-Докторе,зошто таков спорт…
-Зошто мора јавно…
-Што ќе речат луѓето…
-Бла Бла Бла…
Деновиве добив огромна поддршка,која не ја очекував и сум преблагодарен од дното на срцето,на сите кои дојдоа да се сликаат, да се запознаат, сите кои дадоа мислење, енергија и поддршка за она што случајно излезе во неделата…
Меѓутоа,исто така слушам и такви (како оние од погоре) прашања, од кои не знам дали да плачам или да се смеам…
Значи на секого му личи сѐ, ако сум доктор,не значи дека не треба да имам хоби,не значи дека не смеам да имам развиена мускулатура, не значи дека треба да имам било каква бариера. Било кој физички атрибут не ме прави полош или подобар доктор,до комплексот на оние на кои им смета е проблемот…
Спортот како спорт е нешто кое се обидувам да го претставам како уметност,да бидам жив доказ дека човек со професија може да гради тело,а во случајов и да надмине сериозна повреда. Секој спорт е уметност. Кога публиката гледа бокс,познавачите гледаат шах. Борењето,каратето исто така и секој спорт во основа е уметност, елеганција во спој со атлетицизам и сила и издржливост!
Зошто јавно? Затоа што има луѓе на кои сме им потребни,луѓе кои се мотивираат од нашите примери и се хранат со позитива, за да доближиме и покажеме нешто во вистинско светло и за да разбиеме стереотипи!!!
Што ќе речат луѓето? Оние кои “сакаат да речат” ќе си речат секако, тие си бараат негатива во сѐ, како мувата го-мно во најубава цветна ливада…само дајте им денес малку повеќе материјал ,за да речат нешто повеќе.
Александар во една своја објава истакна дека често знае да претера и тоа е една од неговите како што вели маани.
-Премногу кардио, предолг тренинг со тежини, пренапорна диета…
Во една своја објава вели дека докторот со мускули според многумина е срам за професијата, а не оној кој ги злоупотребува и лаже пациентите…
-Живеам во земја,каде ништо не функционира по правила,а сепак сите очекуваат да живееш по шаблон…и тоа не било каков,туку некој застарен,отчовечен,блед и ‘рѓав, всушност тоа е антиквитет кој можеш само овде да го најдеш…
Мажите овде не смеат да имаат емоции, интелектуалците не смеат да имаат тетоважи, а оние кои не припаѓаат на ниедна партија не смеат да имаат глас… Спортистите се глупи,паметните се обезни, третите ги исмејуваат претходните…Црно-бело е сѐ за нашите очи,освен одразот во огледалото,кој е секогаш во сива зона,зашто сме одлични судии за другите,а уште подобри адвокати за себе…
Овде негативците се херои и идоли на младите, а луѓето со вистински вредности се малцинство поклопено од ова “современо” време…
Не ни смета својата мизерија, туку ни смета колата на комшијата, ни смета неговата куќа, облека…така и туѓиот љубовен живот ни е приоритет, па сопствената празнина ја пополнуваме со мониторинг и критизерство на сечија друга врска,брак,партнер…
Докторот со мускули е срам за професијата,а не оној кој ги злоупотребува и лаже пациентите…
Врв е да најдеш работа,а да не работиш, да бидеш само уште една метастаза на канцерот кој со години ни го цица општеството и оваа преубава земја…
Во продолжение уште неколку фотографии од доктор Стојменов…