Дом и семејство
ТОЈ Е ВИСТИНСКИ СРЕЌНИК: Погледнете каква убавица е сопругата на Чола- ќерките Уна и Лара се нејзина копија
Не сака да се појавува во јавноста...
Здравко Чолиќ важи за еден од најголемите шармери на Балканот.

Уште на почетокот на кариерата тој можеше да се пофали со многу девојки околу себе бидејќи важеше за голем шармер.

Но Здравко речиси никогаш не зборуваше за својот приватен живот па така кога во јавноста излезе веста дека се жени многу девојки останаа со скршено срце.

Сите беа изненадени од фактот што срцето на регионалната ѕвезда го освои една многу едноставна девојка Александра, тогаш студент по географија.

Тие се заедно 33 години, а љубовта ја крунисаа со брак во мај 2001 година, задржувајќи ги најемотивните моменти за себе. Заводникот и сопственик на најголемите хитови го кажа судбоносното „да“ на 50-годишна возраст, круна на љубовта се двете ќерки.

Но може да се каже дека и по три децении поминати со Здравко, неговата сопруга Александра остана скромна, ретко се појавува во јавноста и избегнува јавни настани.

Таа е многу посветена на семејството и избегнува да се појавува со сопругот на јавни места.
Понекогаш оди на неговиот концерт за да ужива во неговиот прекрасен глас, но и тогаш се труди да биде незабележана од медиумите.

Неговата сакана има став да не се експонира во јавноста, а за тоа дополнително придонесе и нападот на еден фан на Чола пред многу години.

– Сум поминал и доживеав многу во животот. Еднаш една обожавателка ја нападна мојата сопруга со нож и и го расече лицето. Сандра се тргна, но оваа малку ја потфати, за среќа заврши без поголеми последици. Тоа беше многу одамна, но сè уште се сеќавам на тоа до ден-денес. Мојата сопруга немаше други поголеми непријатности, бидејќи не се експонира, не е таков тип и верувам дека жената и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста, изјави тогаш Чола.

Пејачот Здравко Чолиќ не крие дека многу е приврзан за своите ќерки Уна и Лара и дека знае да биде попустлив бидејќи е слаб на нив.

Чолиќ вели дека сопругата секогаш го критикува бидејќи не е доволно присутен во воспитувањето и дека тоа го прифаќа како критика, но дека сепак се грижи. Откри и дека е многу понежен кон ќерките отколку сопругата, пренесуваат хрватските медиуми.

– Па, тие ме сакаат и ме слушаат, можам да кажам. Мама мораат, но јас сум секогаш малку сомнителен… секогаш сум малку попопустлив, тато е секогаш малку подарежлив, но секако, се грижам, како што се грижат сите татковци, сепак, секој има своја работа, така што поинаку можете да ги гледате работите кога децата ќе пораснат, понекогаш се чудиш како сето тоа се случува преку ноќ, па засега е тоа што е, ја прифаќам секоја критика, но загрижен сум, тоа е најважно – рече Чолиќ.

– Тешко е да се бориш со медиумите, иако немам лоши искуства со медиумите, не сум во некој голем проблем, понекогаш знае да биде малку зајадливо па не можеш ништо да направиш, но кога се децата во прашање тогаш можеби малку реагираш и така натаму. Не се криви што татко им се занимава со јавна работа, па секогаш се „ќерки на Здравко Чолиќ…“ додека не напреднат уште малку, додека не пораснат. Така што таму мора да реагирате, а на останатото навикнав, нема ништо што може да ме исфрли од колосек- призна Чолиќ.

Во продолжение погледнете во какви убавици пораснаа ќерките на Чола:









