Кафе муабет

Точно на полноќ доби подарок вреден 270.000 €: Бизнисменот прави се за да им удоволи на старлетата и синот- лудо е заљубен во неа

Сораја се посвети на мајчинството...

Сораја- Сара Вучелиќ неодамна се породи и доби син, а на денешниот празник посветен на жените доби луксузен автомобил Мајбах вреден 270.000 евра.

фото принтскрин

Сораја потврдила дека скапото возило го добила од партнерот точно на полноќ на Денот на жената, а информацијата за медиумите прв ја споделил извор близок до старлетата.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

-Сара се уште е постојано со бебето, па нејзиниот партнер и таа синоќа не излегле никаде, туку тој ја повикал да се симне во дворот. Кога излегла надвор, била во целосен шок бидејќи пред нивниот дом видела огромен луксузен Мајбах. Беше многу возбудена, дури и плачеше поради ваквото внимание од нејзиниот емотивен партнер – рекол изворот, додека поранешната учесничка на „Големиот брат“ само потврдила дека возилото го добила на подарок и дека е токму тоа што и требало бидејќи е семеен автомобил.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

– Бев трогната затоа што тоа беше, пред се, прекрасен гест. Автомобилот е удобен за бебето и за мене, а тоа е она што е важно – кратко изјавила Вучелиќ.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Инаку, старлетата пред неколку години од својот емотивен партнер добила скап блиндиран мерцедес, кој според тогашните пишувања чинел 360.000 евра.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Сораја неодамна се породи во приватна клиника во Цирих, Швајцарија, каде ја водеше бременоста и на свет донесе здраво момче на кое му го даде името Кан.

фото принтскрин

Јавноста на големо шпекулира за тоа кој е татко на детето на познатата старлета Сораја Вучелиќ.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Имено пред неколку дена извор блисок до Сораја за српски Информер откри дека наводно таа родила дете од оженет бизнисмен од Русија!

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Сепак, таа и нејзиниот зафатен партнер, кого го крие од очите на јавноста, нема да живеат во Швајцарија.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

-Сораја и нејзиното момче решија да се породи во Цирих за нивното дете да има швајцарско државјанство, но нема долго да останат таму. Наскоро се селат во Москва, каде што живее нејзиниот избраник – ја започна приказната извор близок на Вучелиќ и открива зошто не сака да зборува за мажот со кој добила дете:

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Сораја и нејзиниот партнер имале катастрофални односи се додека тој не ја убедил дека не ја сака сопругата, туку неа.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

-Без разлика што партнерот на Сораја е во брак, тие двајца се во долга врска. 40-годишниот бизнисмен веќе некое време е во лош брак, не ја сака сопругата, но се уште не се развел. Отпрвин и пречеше на Сораја, па се степаа, раскинаа, се помирија и слично. Нивната врска била катастрофална се додека не сфатила дека Русинот навистина ја сака и дека нема ништо со сопругата, освен дека се заедно на хартија. Тој е луд по неа.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

Дека навистина е така говори и фактот што нивниот син Кан не се случил случајно, туку дека планирале да имаат заедничко дете.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

– Работеа на тоа Сораја да забремени. Тие многу се сакаат, па Кан е плод на нивната љубов. Секогаш кога ќе се разделат поради службените патувања на нејзиниот партнер, кој има бизниси во Белгија, Холандија и други европски градови, тие двајца се на видео повик по цел ден. Русинот ја сака толку многу што е подготвен да направи се за неа. Ако сака чанта што може да се купи само во Америка, веднаш организира се за Сораја да ја добие. Единствено што поради неа тој се уште не научил српски, па комуницираат на руски и англиски. Но, и тоа ќе го научи, сигурен сум. Тие се прекрасен пар и се многу среќни, особено сега кога станаа родители – истакна изворот за горенаведениот медиум.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

– Сораја зборуваше со таков ентузијазам и гордост што ќе стане мајка. Таа беше вљубена во Кан уште пред да го роди. Му купила куп скапа, брендирана облека, која детето ќе може да ја носи до една година.
Откако дозна дека е бремена Сораја ги затвори Инстаграм и Фејсбук. Старлетата не сакаше да ја нервира ништо за време на бременоста, а најмалку злонамерните коментари кои редовно ги добиваше додека беше активна на социјалните мрежи. Последните седум месеци се посвети на себе и на партнерот, патувањата и бременоста во кои уживаше.

фото инстаграм/Сораја Вучелиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close