Кафе муабет

Тотално збунувачки! Една мајка се нашла во неверојатна ситуација, ја нарекуваат патник низ времето!

Потполно бизарна приказна, но сосема вистинита

Мајка го доживеала својот сопствен Матрикс момент, откако била фатена на камера два пати на истото место во снимки направени по една деценија.

На Лин Картрајт и беше испратена слика од Гугл Мапс, на која стои на раскрсница, држејќи ја торбата од својот сопруг.

ФОТО:Принтскрин/Лин Картрајт на Гугл Мапс 2009 година

Мајката на едно дете, најпрво мислела дека некој се шегува, кога првично примила меил во кој и пратиле слика како технолошкиот гигант ја фатил на камера во Април 2009 година. Но, 42 годишната жена била зачудена кога и било кажано дека се појавила на истото место, до истата плоча за поплочување, во речиси идентична снимка, девет години подоцна.

Првата слика ја прикажува Лин облечена во пантолони, како стои на сообраќајниот премин на аголот на Викторија Плејс со торба за превоз во левата рака и друга торба преку рамо.

Бизарно, но вистинито, втората слика снимена во Август 2018 година, ја покажува како стои на истото место, во иста положба и како носи две чанти во ист стил- со единствена разлика во тоа како била облечена.

ФОТО:Принтскрин/Лин Картрајт на Гугл Мапс 2018 година

Државната службеничка ги објавила сликите на Фејсбук на 12 Септември, за кои вели дека многумина кои ги виделе ја споредиле со „патник низ времето“ поради коинциденцијата „еден во милијарда“.

Лин од Карлајл, Камбрија за ова вели:

-Како да сум замрзната во времето. Стојам на истата плоча за поплочување и имам торба на моето рамо на двете слики. Тоа е толку смешно, но толку бизарно.

-Луѓето сигурно мислат дека сум „патник низ времето“. Јас веројатно сум единствената личност која ја сликале на точно истото место речиси една деценија подоцна. Првиот пат кога ме сликаа ја видов колата, па кога беше објавено, проверивме и ја видовме сликата. Беше многу смешно и воопшто не ми пречеше-додаде таа.

ФОТО:Принтскрин/Лин Картрајт на местото каде се направени сликите за Гугл Мапс

-Ричард ја виде втората слика додека беше на работа, кога всушност проба да ја најде првата. Сакаше да ми ја испрати кога сфати дека јас бев повторно таму. Кога ја видов, помислив дека е навистина бизарна. Овој пат не го видов автомобилот воопшто па бев вџашена-раскажа Лин.

Лин која живее со својот 41 годишен сопруг Ричард и синот Зак Картрајт (5), привлече повеќе од 700 лајкови при објавата на сликите, а покрај тоа имало и голем број на коментари.

Еден од коментарите бил -Тоа е малку лудо и кул во исто време.

Друг вели- Извинете, но тоа е тотално збунувачки!

Трет се прашува- Нели е ова ситуација еден во билион? Прекрасно!

Еден од коментарите се однесувал на нејзината торба која била во истата рака, како и онаа која ја носела на рамо, на што таа одговорила дека е личност од навики.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close