Кафе муабет

ТОМАШЕВИЌ СО НЕКОЛКУ РЕЧЕНИЦИ ОБЈАСНИ ШТО Е ВИСТИНСКА ЉУБОВ: Му честиташе роденден на сопругот со овие зборови и доби многу позитивни реакции!

Пејачката и актерот го негуваат својот брак ...

Пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босилчиќ важат за пар кој 10 години води мирен живот, тие имаат хармоничен брак исполнет со многу љубов и почитување, од кој ја добија ќерката Нина.

фото инстаграм

Дека тој и неговата сопруга се заљубени како и првиот ден е јавна тајна. Имено Јелена Томашевиќ и Иван, не пропуштаат прилика за разменување нежности и важат за еден од најромантичните парови во регионот.

Двајцата зрачат со позитивна енергија, и често пати велат дека нивниот дом е преполн со љубов, почит и разбирање.

фото инстаграм

Брачната двојка ретко зборува за детали од нивниот приватен живот, но затоа ги воодушевуваат следбениците на социјалната мрежа Инстаграм со објави од нивното семејно секојдневие.

Пејачката ги воодушеви фановите со последната објава со која всушност му го честиташе роденденот на нејзиниот сопруг.

Таа сподели фотографија со сопругот а под неа напиша стихови од Мајк Антиќ.

фото инстаграм

– Сега, претпоставувам, ме разбираш: љубов е – кога познаваш некого, но кога се познаваш себеси преку тој некој е уште поубаво- напиша Јелена и додаде:

– Среќен роденден, љубов.

 

фото инстаграм

Инаку 41 годишниот Иван Босиљчиќ, важи за еден од најшармантните и најзгодните актери во Србија.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

 

Многумина го нарекуваат и модерен витез бидејќи оние кои добро го познаваат ќе го опишат како вистински заштитник на своето семејство.

Иван кој веќе неколку години е ангажиран во Русија и се занимава со руска кинематографија, има цврст машки поглед кон животот, тој е нежен и грижлив кон жените и полн со љубезност кон останатите.

 

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

 

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

 

Животните вредности се трудат да и ги всадат на нивната наследничка Нина.

Во искрено интервју за Story.rs Иван пред извесно време призна кој настан оставил силен белег во неговиот живот и открива на што се е подготвен за доброто на неговите најблиски.

Иван вели дека за него најважно во едно семејство е љубовта.

-Љубовта, особено кон најблиските се искажува со прегратки, лојалност.Јас сум подготвен и да се жртвуваам за нив. Општо кажано, ми се допаѓа нашиот машки менталитет. Тој е особено ценет во другите држави на пример, во Русија. Таму постојано ја истакнуваат нашата мажественост. Во современите обрасци, кога се споменува изразување на емоции, веднаш се мисли на машко-женските односи. Но, да не заборавиме дека вистинската емоционалност на една личност може да се забележи и во односот кон дете, родител, татковина …

 

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Според мене вистински маж е оној кој е подготвен да даде сè од себе за своите блиски, па дури и живот ако е потребно, истакна Иван.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Актерот вели дека тој и неговата сопруга, пејачката Јелена Томашевиќ многу го негуваат својот брак, и секојдневно си повторуваат дека постои решение за се.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

– Јас и Јелена постојано се потсетуваме, често на глас пред детето, дека ништо во животот не е фатално, затоа што има решение за сè. Тоа и го покажуваме на Нина со нашето однесување. Ние се обидуваме практично да ја приближиме нашата традиција и нашата вера, бидејќи без оглед во кое време е и каде и да е, знаејќи ја нејзината традиција, таа ќе може јасно да се позиционира во однос на светот. И познавајќи ја нејзината вера, таа никогаш нема да се чувствува сама.

 

фото Стори.рс

 

Неодамна и пејачката проговори за нејзиниот брак и воедно ја откри формулата за нивната среќа.

„Тајна за совршен брак не постои, постои само љубов и дали двете личности се сложуваат или не. Постојат кавги како и во секој брак, И нема тука кој прв ќе попушти тоа не е расправија за да се попушти, тоа оди се во рок службата“, вели Јелена.

Иако се смета дека уметниците се малку тешки, а за тоа како двајца уметници се снаоѓаат во бракот откри Томашевиќ.

„ Се зависи, нема тука правила ни меѓу нас пејачите ни меѓу актерите „ Сто луѓе, сто чуда“ – тоа е стара изрека која во овој случај се покажа како исправна“, вели Јелена.

 

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

 

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од овој романтичен пар и нивната ќерќичка…

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close