Кафе муабет
„Ти благодарам што конечно сме среќно семејство”: Џогани со емотивна порака го расплака својот сопруг!
Ти благодарам што си се што ми треба, што ме направи среќна, што ми ја направи оваа безусловна љубов од која и двајцата се топиме и што конечно сме она што треба да бидеме - среќно семејство....
Денеска е роденден на Марко Миjковиќ, а по тој повод се огласи неговата сопруга Луна Џогани.
Луна одлучи да му покаже на својот сопруг колку го сака со емотивна порака, а на својот профил на Инстаграм објави неколку досега невидени фотографии.
– Среќен роденден на мојот сопруг, мојот пријател, поддршка и најдобар татко. Што ти посакувам… – напиша Луна, и сподели видео на кое се гледа како заедно уживаат.
Потоа следуваа семејни фотографии со најдобри желби.
– Ти посакувам се што заслужуваш, и можам да кажам дека веќе имаш се. Но ти посакувам уште повеќе. Ти благодарам што си се што ми треба, што ме направи среќна, што ми ја направи оваа безусловна љубов од која и двајцата се топиме и што конечно сме она што треба да бидеме – среќно семејство.
– Те сакам! Нека ти е најсреќен 38-миот роденден – му посака Луна на својот сопруг.