Дом и семејство
Тие се најчудниот пар во Холивуд: Ги рушат сите предрасуди, заедно се 17 години- погледнете каква убавица е сопругата на актерот од “Game of Thrones”!
Љубовта победува се...
Љубовта не познава гранци а доказ за тоа се актерот Питер Динклиџ и неговата сопруга.
Имено тој врвот на својата слава ја достигна со улогата на Тирион Ланистер во серијата „Игра на тронови“, а моментално го промовира својот нов филм „Сирано“ во кој ја игра главната улога.
Сценарист на филмот е неговата сопруга Ерика Шмит, а парот се појави заедно на премиерата во Њујорк каде го украдоа целото внимание.
Питер, кој е висок само 132 сантиметри, за оваа пригода облече сино одело, додека Ерика избра елегантен црн кадифен фустан.
Поради разликата во висината, овој пар никаде не останува незабележан, но со својата љубов ги крши сите предрасуди. Парот изгледа заљубено како и првиот ден, а успешно функционираат и како соработници.
– Пит е неверојатно убав, шармантен и духовит, но кога пишуваат за него сите се изненадени поради неговата висина. Но, тоа е Пит, изјави сопругата на актерот за списанието Ролинг Стоун во 2012 година.
Интересно е што многу малку се знае за нивниот приватен живот. Познато е дека тие имаат две деца и дека добија ќерка во 2011 година, но нејзиното име, како и полот на второто дете родено во 2017 година се непознати за јавноста.