Кафе муабет

Тие го навлекоа на др*га, мајка му преплака по него додека беше во кома, сега повторно ја повредува: Соседите на Дарко Лазиќ без милост кон пејачот!

Велат се фатил со лошо друштво...

По новиот хаос што го направи пејачот Дарко Лазиќ, кога поради пребрзо возење под дејство на алкохол и наркотици, но и немање сообраќајна дозвола, заврши во полиција.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Но неговите соседи открија повеќе пикантерии за него.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Дарко има добра душа, но луда глава. Би дал се за пријателите и семејството, да му се јавиш среде ноќ би ти помогнал, но тој е лош за себе. Се фатил со лошо друштво и нема помош. Мислевме дека ќе го опамети сообраќајката која го уништи неговото здравје но не. Па, тој сè уште продолжува и тоа не му е доволно предупредување. Сите се молевме за него додека беше во кома, се чинеше дека ќе се врати на вистинскиот пат, но залудно, вели еден постар локалец.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Жал ми е Бранка, таа преживеа сешто со него. Го оплакуваше кога беше во кома и сега повторно се измачува. Нејзе би ѝ олеснило да го стават во затвор за да не размислува, додава тој.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Отсекогаш бил фин и добар дечко, мислам дека и денес е таков, но го понесе популарноста. Кога се натпреваруваше во Ѕвездите на Гранд сите навивавме за него. Се дружеше со нас и не се однесуваше како ѕвезда. Потоа дојдоа парите и се се смени. Автомобилите секогаш ги сакаше само што положи лудуваше по улиците.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

. Но, кога ќе вклучите повеќе алкохол и дро-га, тогаш настанува хаос. Среќа што досега не убил никого, бидејќи тука нема тротоари, а слабо е и уличното осветлување. Бранка молеше да го продаде моторот и мислам дека веќе не го вози но џабе кога дивее со кола, вели соседот Драган.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Го сакаат Дарко во блиските таверни и продавници, остава добар бакшиш и секогаш е насмеан.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Не прашува колку чини и секогаш го чести друштвото.Мислам дека тој во последно време е опкружен со погрешни луѓе кои го навлекоа на тие пороци и чуда. Секогаш пиеше многу, но мислам дека не се дро-гираше. Тој исто така има многу долгови колку што слушнав, но тоа не се гледа кога ќе седне во кафеана бидејќи секогаш остава бакшиш и плаќа се. Верувам дека многумина го користат, но тој не е мал и знае да го избере друштвото, истакна келнерката.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Побегнал од дискотека, немал да плати 2000 евра!

Познато е и дека пејачот со години е во големи долгови, а како што дознаваат медиумите, тој останал должен и на сопственикот на дискотека во Офенбах, каде што пиел и не ја платил сметката.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Според извор близок до еден од вработените во локалот, Дарко пред неколку месеци присуствувал на настапот на колешка во овој германски град, каде дошол во друштво на неколку мажи и девојки. Како вистински џек, Лазиќ нарачувал тури во дискотеката во Офенбах, пиел виски, но и вотка, коњак, пиво, газирани сокови и кисела вода, а сметката била огромна.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Дарко беше најсреќен, особено кога веќе се опијани. Ги почести келнерите, им даваше бакшиш одвреме навреме кога доаѓаа. Многу пиеше, цела ноќ ја помина во диско и цело време наздравуваше, им праќаше тури на пријателите на масата до него. Сметката била над две илјади евра – вели изворот и додава дека Лазиќ кога требало да плати го повикал менаџерот на клубот.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

-Тогаш рече дека нема доволно пари, дека го поканил своето друштво, а долгот ќе го плати следната недела кога ќе оди таму, бидејќи има настап. После тоа не се јави, иако во неколку наврати му се јавуваа и бараа да го подмири долгот – вели изворот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close