Дом и семејство

“Те сакам таков каков што си” : Синот на Ребека наполни 14 години- пејачката со емотивна порака по повод роденденот на Маркијан!

Маркијан го прослави својот 14 роденден

Ребека Јанковска- Ристески важеше за една од најпопуларните пејачки на македонската сцена, но потоа се повлече од пеењето, за денеска таа да биде одлична мајка на три деца, синовите, Маркијан, Доротеј и Макариј.

 

Фото: Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

 

Ребека е претседател на здружението „Дајте ни крилја” основано во ноември 2010 год.

Од Март 2011 год. започна со работа како автор и продуцент на нов циклус на емисии на АБ Канал, со наслов Дајте ни крилја, кои како што вели во својата биографија, имаат за цел да им помогнат на лицата со хендикеп, дисфункции, посебни потреби и ретки болести.

 

Фото: Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

 

И самата Ребека е мајка на дете со посебни потреби. Имено Маркијан боледува од ретката болест туберозна склероза, а неговата мајка секој ден го потсетува колку безусловно го сака и му ја дава најголемата поддршка.

 

Фото: Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

 

За неа многумина ќе речат дека е неуморен борец за лицата со ретки болести и попречености.

 

Фото: Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

 

Пејачката на својот официјален Фејсбук профил постојано објавува фотографии од нејзиното семејство, па така и вчера со јавноста сподели дел од роденденската забава на Маркијан, кој го прославија во нивниот дом.

Имено Маркијан наполни 14 години а Ребека со прекрасна порака му покажа колку е тој важен за неа.

 

Јас те сакам онаков каков што си! Среќен да си секогаш.
Само тоа се важи. Најсакан и најубав наш, СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЅВЕЗДИЧКЕ НАША, напиша таа в описот на фотографите кои ги сподели.

Во продолжение погледнете ги фотографиите кои ги сподели Ребека од роденденот на Маркијан.

 

Фото: Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

 

Фото: Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

 

Фото: Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

 

Фото: Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

 

Фото: Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

 

Фото: Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

 

Фото: Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески
Фото: Фејсбук/ Ребека Јанковска-Ристески

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close