Кафе муабет
ТЕТА ТИ ЈА ПОСАКУВА ЦЕЛА СРЕЌА НА ОВОЈ СВЕТ – Пејачката Мартија стана тетка
Објави фотографии на кои позира со новородениот внук...
Младата македонска пејачка – кумановката Мартија Станојковиќ кога за првпат се појави на сцената на Пинкови ѕвездички со својот талент и вокал никого не остави рамодушен.
Ги воодушеви сите од жирито во музичкиот натпревар за млади, а денес таа е една од најпознатите пејачки во Македонија од помладата генерација го голем број обожаватели и во соседството.
Мартија е доста активна на социјалните медиуми и успева секогаш да го задржи вниманието на јавноста.
Во изминатиот период се шпекулираше за новото момче на пејачката, по што излезе и заедничка фотографија во јавноста.
Таа е во врска со фудбалскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.
Информацијата дека тие двајца се во врска ја откри блиска пријателка на парот, која објави Интаграм стори на кое Мартија и Чурлинов се бакнуваат и прегрнуваат.
Дарко од пред неколку месеци игра за екипата на Барнли во првата англиска лига, исто така Чурлинов е дел и од македонската репрезентација.
Мартија претходно беше во врска со Милан Илиќ со кого ретко споделуваше јавни фотографии.
Пред неколку дена семејството на Мартија стана побогато за уште еден член.
Имено, нејзината сестра Лена на свет го донесе синчето Лука.
Мартија во улога на пресреќна тетка не издржа и веднаш постираше фотографија со внучето.
„Тета ти ја посакува сета среќа на овој свет. Добредојде Лука“ – напиша Мартија покрај фотографиите на кои позира со внукот Лука.