Кафе муабет

Тестаментот на Мрка ја шокираше јавноста: Еве што останува на Бекута а што припаѓа на неговата поранешна сопруга!

Даша законски е единствена наследничка...

На 27-ми ноември навршува една година од см-ртта на Милутин Мркоњиќ (80), кој беше во врска со познатата пејачка Ана Бекута околу десет години.

фото инстаграм,/Ана Бекута

Како што денес објави српски Курир,наводно пензијата на покојниот политичар, како и целиот негов имот, вклучително и стан на улицата Крунска во Врачар и автомобил „мерцедес“ и припаднал на неговата законска сопруга Драгана Даша Мркоњиќ.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Имено, иако медиумите со месеци шпекулираат за оставинското рочиште за наследството на Милутин Мркоњиќ, Курир дознава дека тоа всушност не било одржано.

ФОТО: Инстаграм/Ана Бекута

-Главната конфузија настана затоа што Мркоњиќ никогаш не бил законски разведен од сопругата Даша, иако не живееле заедно повеќе од 10 години, а политичарот јавно се забавувал и живеел во вонбрачна заедница со пејачката Ана Бекута. Сите се прашуваа како е решено прашањето за наследството на Мрка и кога ќе се одржи оставинското рочиште. Но, немало никаков разговор за наследството, бидејќи според законот, сè и припаднало на неговата сопруга Даша, како единствен законски наследник, бидејќи таа и Мрка немале деца. Меѓу другото таа го наследила станот на улицата Крунска и автомобил „мерцедес С 500 л“, како и пензијата на политичарот која изнесувала околу 90.000 динари. Ана Бекута ова не го оспори и остана во пентхаусот во Врачар, каде што живееше со него – откри добро упатен извор.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

– Даша започна со реновирање на станот а моментално издава уште еден стан. Не се знае што се случило со остатокот од имотот на Мрка и потенцијалните заштеди, а доколку имало, според законот, се и припаднало на Даша – вели изворот за српски Курир.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Пејачката пак никогаш и не била заинтересирана за наследството на Милутин Мркоњиќ бидејќи уште пред да бидат заедно таа поседувала сопствен недвижен имот и автомобили, кои ги стекнала како една од најдобрите и најбараните пејачки во регионот.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Наводно во тестаментот покојниот Мрка напишал Бекута и останатите членови од семејството да се грижат за неговата поранешна сопруга Драгана Мркоњниќ.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

За разлика од мнозинството, Бекута многу строго ја сфатила задачата што и е доверена со тестаментот, а извор за Стар тврди дека по смртта на политичарот често ја посетувала Даша и и помагала, а пред неколку недели, кога видела дека здравјето на Драгана е влошено и предложила да живеат заедно.

фото Инстаграм/Ана Бекута

– Ана се јавила да и понуди помош, но Даша и се заблагодарила за грижата, и кажала дека сега е многу подобро, дека нема да и пречи и дека ќе остане во својот стан бидејќи е навикната, а има и некои пријатели со кои пие кафе. Јасно и е дека Ана тоа го прави по желба на Мрка, но смета дека сепак е подобро да живеат одвоено. Сега таа се чувствува добро и не и треба помош.

фото инстаграм,/Ана Бекута

Тестаментот на Милутин Мркоњиќ ги зближи вдовиците на политичарот, кои од самиот почеток имаат коректен однос, кој сега е подобрен.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

По смр-тта на Мрка, Ана долго врем ене можеше да се собере но за тоа беше тука нејзиниот внук Бранко кој и е најголемата поддршка. Тој наводно се вселил во домот на Ана на улицата Крунска во Белград.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

– Бидејќи немал свои деца, Мрка го гледал синот на Ана, Игор како свој, а како родени ги гледал и нејзините внуци. За Соња и Бранко беше најдобриот дедо на светот, а Бранко го гледаше како идниот заштитник на Ана. Им купил автомобили и ги замолил да бидат секогаш тука за Ана кога и требаат и да не ја оставаат сама. Бранко сега му исполнува една од последните желби на Милутин Мркоњиќ, се грижи за баба му – рече тогаш за „Свет“ близок извор на семејството.

ФОТО: Ана Бекута / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close