Кафе муабет

Теодора Џехверовиќ во досега невидено издание: Пејачката несредена и без грам шминка ги воодушеви фановите!

Бидејќи го сподели видеото на својот Инстаграм, многумина ја пофалија затоа што очигледно не се срами да покаже како изгледа и во лежерно светло...

Познатата српска пејачка и поранешна ријалити ѕвезда Теодора Џехверовиќ веќе подолго време е во врска со кошаркарот Нино Челебиќ.

Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ
Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ

Во медиумите често пати се зборуваше за нив, и за нивната љубов, па пред извесно време излегоа информации дека парот се подготвува за најважната улога во животот.

Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ
Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ
Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ
Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ

Мајката на пејачката, Гордана исто така проговори за нивната врска и откри дека љубовта на Теодора и Нино е многу силна, и дека младата двојка го поминува секој слободен момент заедно.

Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ
Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ
Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ

– Убаво им е кога се заедно. Лудо се забавуваат и се сакаат. Нино е секогаш е кај Теодора бидејќи таа живее сама. Тој наскоро веројатно ќе се пресели кај неа и ќе живеат заедно. Како што стојат работите, ќерката најверојатно ќе оди по стапките на својата мајка, па ќе го донесе својот сопруг под нејзиниот покрив, како што направив јас со нејзиниот татко. Исто така, претпочитам да биде сама – рече таа за „Информер“ и додаде дека нејзината ќерка навистина се грижи за своето семејство.

Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ
Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ
Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ

– Теодора сака да стане мајка! Таа е девојка која се грижи за своето семејство – рече Гордана и Џехверовиќ и откри дека се планира голема прослава во нивното семејство. Таа откри дека нејзината ќерка ќе го каже судбоносното Да, на згодниот кошаркар и дека свадбата е закажана за наредната година.

Теодора ги освои симпатиите на публиката уште во времето кога беше дел од релното шоу „Задруга“.

Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ

Младата пејачка на својот Инстаграм профил постојано објавува нови провокативни фотографии, а многумина велат дека таа е најжешката српска пејачка.

Теодора веќе неколку пати го промени имиџот и постојано ги изненадува фановите кои судејќи по коментарите под фотографиите кои ги споделува пејачката, навистина уживаат во глетката.

Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ
Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ
Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ

Неодамна во забавното шоу на пејачот и водител, Огњен Амиџиќ, Теодора откри дека подолг период живеела во страв, бидејќи три години била прогонувана од извесна Катерина Новичиќ од Чачак, која постојано ја следи и испраќала зак ани до пејачката.

„Веќе јавноста е запознаена дека постои личност која ме малтретира веќе три години, откако јас влегов во реалното шоу „Задруга“, па се’ до денес, изјави тогаш пејачката.

Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ

Но иако е една од најпознатите млади пејачки која секогаш го привлекува вниманието, Теодора неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографии во досега невидено издание.

Неуредна и без шминка, пејачката го средуваше станот, држејќи ќеса за ѓубре во рацете.

Фото Инстаграм/Теодора Џехверовиќ

Бидејќи го сподели видеото на својот Инстаграм, многумина ја пофалија затоа што очигледно не се срами да покаже како изгледа и во лежерно светло.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close