Кафе муабет
Тања Савиќ со шокантна изјава: Трагично е да останеш во несреќен брак- сите коментираат за овој потег на пејачката!
Таа сега има огромна поддршка од нејзината околина и многумина и помагаат во борбата со Душан...
Пејачката Тања Савиќ во последниот период е во центар на вниманието поради случувањата со нејзиниот сопруг Душан.
Таа инаку е многу активна на Инстаграм, и постојано објавува видеа но и фотографии на кои се гледа дека пејачката успеала да го преброди лошиот перод и да најде мир и спокој во својот роден крај.
Се испостави дека нејзиното преселување во родниот Радинац имало позитивен ефект и дека пејачката успеала да ги врати силите и чувството на сигурност што секако и недостига по распадот на семејството.
Очигледно, таа сега има огромна поддршка од нејзината околина и многумина и помагаат во борбата со Душан.
Сепак со последната објава Тања ги изненади сите. Таа објави фотографија со познат цитат и многумна прокоментираа дека токму таа се пронајде во зборовите.
– Разводот не е трагичен. Трагично е да се остане во несреќен брак и да им се даде на децата погрешен пример на љубов – рече Тања.
Да потсетиме, Тања се омажи за Душан Јованчевиќ во 2011 година и од бракот има два сина – Ѓорѓе и Максим.
Сепак, нивниот брак не успеа, а пејачката сè уште се бори за старателство над децата што Душан ги однесе во Австралија минатата година, наводно без нејзино знаење.
Пред извесно време пејачката истакна дека сега повторно минува низ тежок период и покрај малата надеж која ја доби. Таа посочи дека секој ден се соочува со закани од нејзиниот сопруг дека нема да ја добие последната битка околу старателството над децата.
Тој се обидува да ја уништи нејзината самодоверба на различни начини, но пејачката има на кого да се обрати и да побара утеха и помош во такви моменти, изјави извор блiзок на пејачката.
Таа пред извесно време посочи дека и децата минуваат низ тежок период поради тоа што ја немаат видено својата мајка цела година а нивната комуникација се сведува само на видео повици.
-Зборував со децата, тие се збунети, веќе една година се без мене и сега знаат дека ќе останат без татко им. Тоа е пресвртна точка во нашите животи што е навистина тешко. Не знам што да мислам. Многу ми е жал за себичноста на еден родител, и тоа во овој случај не сум јас. Мојата голема желба за мојот роденден се оствари и нема посреќна мајка од мене. Сè уште немам можност да ги гушкам децата, тоа ќе биде наскоро – рече пејачката неодамна.