Кафе муабет
Тања Савиќ го доби старателството над децата: Пејачката прозборе за новата љубов- откри како ќе се вика ќерката !
Сака да има трето дете...
Пејачката Тања Савиќ е мајка на синовите Ѓорѓе и Максим а пред две години поднесе барање за развод по 11 години брак.
Тања по агонијата низ која помина реши максимално да се посвети на децата и кариерата.
Пред вчерашниот концерт таа им се обрати на присутните медиуми, а потоа потсети дека поминала низ агонија откако нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ ги однел нивните синови во Австралија.
Момчињата сега се со мајка им во Србија, а Тања открива дека и требало многу труд за да ги изведе нејзините синови на вистинскиот пат.
– Сè уште не е се одлично и прекрасно во мојот живот. Моите емоции беа „закопани“ долго време, сега излегуваат на површина. Ми се случува да сум тажна, а не знам зошто, нешто ме кочи. Често плачам кога сум сама – рекла Тања.
Таа откри и дека и е доделено старателството над децата.
– Што се однесува до гледањето, татко им не се огласува, не знам што да кажам за таа работа. Тој не ги гледа. За моите деца можеби и би го издржала тој страв и стрес само тие да се среќни, ќе продолжам да го правам тоа, кога сакаат да го видат им дозволувам, но ние во заедница не можеме да бидеме. Татко им не им се јавува – нагласи Тања.
Веќе извесно време кружат гласини дека Тања е во врска со фитнес тренер, а сега таа откри дали овие гласини се вистинити:
– Не, јас имам свој кондициски тренер, се вика Никола, боксер е, од Смедерево е и навистина нема ништо меѓу нас.
Сепак, иако се уште го нема пронајдено мажот на својот живот, Тања признава дека би сакала да најде партнер со кој би добила ќерка.
– Би сакала да имам ќерка, можеби ќе се вика Алиса.