Кафе муабет

ТАЊА САВИЌ БАРАЛА ПОМОШ ОД ГАТАЧ: Еден саат била кај него, излегла пресреќна, и дал амајлии а нема да верувате чија слика носела таа!

Била во Краљево...

Тања Савиќ е во центарот на вниманието откако се случи непријатната случка со нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ, кој ги зеде децата од неа и замина во Австралија.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Од тогаш Тања мака мачеше да ја докаже правдата, но сега кога конечно децата се со неа се чини дека најде мир.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Тања често посетува манастири и споделува фотографии секогаш кога оди во светилиште, меѓутоа пејачката неодамна посетила и еден гатач.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Според извор кој бил на лице место, Тања кај гатачот кој гледа на карти дошла со помлад маж и девојка. Таа во Краљево останала околу час и половина, а со насмевка ја напуштила куќата на гатачот.

фото инстаграм/Тања Савиќ

„Тој човек има околу 70 години и гледа на карти, но ако сакате да го прашате конкретно за некоја личност, пожелно е да донесете слика или работи од личноста за која прашувате. Нема закажување термин, ниту има тарифа даваш колку пари мислиш дека треба. Се наоѓа во населба во Краљево, а куќата му е на ридски пат, подигната, не оградена и стара, неодамна бев кај него, земав другарка која дојде од Белград, четврток беше, отидовме многу рано за да ја избегнеме гужвата. Стоев пред куќата кога застана сива кола и видов две девојки и еден помлад маж. Дечкото ме праша дали тоа беше куќа на гатачот и јас потврдив дека внатре веќе има некој. Кога го свртев вниманието кон девојките видов дека една од нив е Тања Савиќ. Мислам дека веднаш сфати дека ја препознав, па таа го фати за рака и набрзина влезе во куќата.Таа носеше чанта и слика во раката, подоцна другарка која беше внатре ми кажа дека тоа било  слика од тој градоначалникот Драшко Станивуковиќ, веројатно прашала што ќе биде со него“, вели изворот и додава:

фото инстаграм/Тања Савиќ

“Тања остана околу час и половина, си замина со насмевка, па верувам дека и се допадна се што и кажа јасновидецот. Тој навистина не греши и многу луѓе го посетуваат. Тања не е првата позната личност која отишла кај него. Носеше и некоја ќеса со амајлии, веројатно за љубов, пари, здравје, полна беше ќесата“, заклучува изворот.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Инаку Весна Вукелиќ- Венди е во блиска роднинска врска со градоначалникот на Бањалука Драшко Станивуковиќ!

фото инстаграм/ Весна Вукелиќ- Венди

Како што откри пејачката за еден медиум, таа е тетка на познатиот политичар и одвреме-навреме се гледаат кога ја посетува Бања лука, како што беше случај неодамна на прослава со заеднички роднини.

ФОТО: Драшко Станивуковиќ / Инстаграм

– Така е, добро сте виделе. Со Драшко сме блиски роднини, горда сум на тоа, на моето потекло и на моите роднини воопшто. Прадедо ми и прадедото на Драшко се биолошки браќа, односно татко ми и бабата на Драшко се брат и сестра од вујко, значи јас сум тетка на Драшко. Па, затоа реков дека Тања Савиќ не била во врска со Драшко, кога се случи таа афера. Знаев дека е невозможно бидејќи тој е мој роднина и немаше да падне толку ниско – објаснува Венди и додава дека фотографиите со градоначалникот на Бања Лука што ги објавила на социјалните мрежи се направени пред неколку дена.
– Сите заедно бевме на свадба. Сестра ми Мирјана која живее во Австралија правеше свадба, а Драшко како градоначалник ги венчаше неа и нејзиниот сопруг. Беше навистина прекрасно – рече пејачката.

Фото Инстаграм/Драшко Станивуковиќ.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close