Дом и семејство

Татко ја натерал 16-годишната ќерка да ја избричи главата бидејќи се потсмевала на девојче болно од Rak!

„За да бидат работите уште полоши, мојата ќерка не се покаја за тоа што го направи и рече дека девојката го заслужува тоа ...

16- годишна девојка доби казна од својот татко за што тој вели дека има голема причина.

Фото Илустрација

Имено таткото на оваа тинејџерна на социјалната мрежа Редит откри зошто ја натерал ќерка си да ја избричи главата.

Тој во својата објава објасни дека неговата поранешна сопруга била многу вознемирена поради постапката, но тој тврди дека имал добра причина за таква казна.

Фото Илустрација

“Мојата поранешна сопруга и јас имаме 16-годишна ќерка. Имам старателство над неа бидејќи мојата сопруга се пресели кај нејзиното ново семејство. Го споменувам ова затоа што не се консултирав со неа пред да ја казнам керка ни и таа сега ме осудува мене поради ваквата постапка “, започна овој татко.

“Мојата ќерка неодамна се потсмеваше со ученичка која ја загуби косата поради третман на ра-к. Таа дури и ја симна и периката. Наводно, тоа била претходна расправија меѓу нив две, што не е изговор за однесувањето на мојата ќерка. Јас не” ја воспитав ќерка ми да се однесува на таков начин кон луѓето.

Фото Илустрација

Од начинот на кој таа се однесуваше и јас бев згрозен “, продолжи тој.

„За да бидат работите уште полоши, мојата ќерка не се покаја за тоа што го направи и рече дека девојката го заслужува тоа …

Таткото вели дека тоа било пресудно за да и ја даде казната која како што вели тој ја заслужува.

Фото Илустрација

-Така, и дадов на мојата ќерка две опции за казна: одземање на целата електроника, вклучително и мобилен телефон што таа никогаш не го остава или пак да оди на фризер и да си ја избричи главата.

Тинејџерката ја избра втората опција, а нејзиниот татко сега се прашува дали постапил правилно.

Повеќето корисници на Reddit не се согласија со него.

Фото Илустрација

„Тоа не е добар родител и тоа е сигурно“, „Ќерка ти е насилник затоа што и ти си насилник“, „Навистина не постапила добро, но не можеше ли да смислиш друг начин да ја воспиташ, отколку телесно казнување“, се некои од коментарите.

Еден корисник на популарната мрежа даде идеја како татко можел да ја казни ќерката со многу помало понижување.

“Зошто не ја натеравте да волонтира во одделот за рак, особено во одделот за деца. Тоа сигурно ќе и помогне да има повеќе сочувство”, напиша тој.

Фото Илустрација

Честопати се фокусираме на тоа како да му помогнете на вашето дете доколку тоа е малтретирано од својата околина, но што ако и тоа го направи тоа?

Експертите имаат некои идеи, и тие не вклучуваат бричење на главата.

Фото Илустрација

Ако сте приметиле дека вашето дете трпи понижување или е малтретирано од службеник во училиштето, од друг родител или пак од некои од своите врсници одвојте време да го сослушате вашето дете. Прашајте што точно се случило и зошто, и нека ја раскаже својата приказна. Ставете му до знаење дека може да се чувствува безбедно совладувајќи ја својата грешка.

Прашајте го вашето дете дали мисли дека тоа што го направило е правилно, дали мисли дека со својата постапка го повредило другото лице и како би се чувствувало тоа доколку истото му го направат и него.

Овие прашања можат да помогнат да размислат за ситуацијата од туѓа перспектива и да сочувствуваат.

Фото Илустрација

Луѓето прават грешки и важно е вашето дете да ги препознае штетите од малтретирањето. Но, исто така, од суштинско значење е тие да учат од тоа и да продолжат напред и да не ги повторат истите грешки.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close