Дом и семејство

ТАТКОТО НА 5 ДЕЦА КОИ ЛАВОВСКИ СЕ БОРИ ОТКАКО НИВНАТА МАЈКА ГИ НАПУШТИЛА: Овој хуман гест го расплака!

Хумани студенти и професори на Медицинскиот факултет од Звездара обезбедија храна, облека, училишен прибор и козметика за Дамњановиќ

Семејството Дамњановиќ пред цели 7 години остана без својата мајка- сопруга која го напуштила домот, но тоа не ги спречи тие повторно да бидат насмеани и среќни.

Фото Телеграф.рс

Во овој дом живеат Никола (19), Невена (17), Ненад (15), Стефан (12) и Михајло (9) со таткото Саша, кој се труди да им обезбеди се што им е потребно.

Фото Телеграф.рс

Екипата на Телеграф.Рс го посети домот на семејството Дамњановиќ и успеа да обезбеди доволно храна, облека и се што е неопходно за живот. Хуманитарната акција организирана од учениците од медицинското училиште во Звездара.

Фото Телеграф.рс

Оваа акција била поддржана од родители и професори кои помогнаа да се собере се што му е потребно на ова шестчлено семејство, од основни прехранбени производи, до лекови, училишен прибор, па и книги и сликовници. Секој од учениците, се обидел да му помогне на ова семејство барем со нешто.

Фото Телеграф.рс

Семејството Дамњановиќ живее скромно во Мраморак, село во близина на Ковин. Таткото кој е глава на семејството, останал без здив кога дознал за оваа хуманитарна акција и со солзи во очите се заблагодарил на сите кои му помагаат.

Фото Телеграф.рс

 

Тој се заблагодарил велејќи дека не може да се соочи со фактот дека некој кој е потполно странец се  обидел да собере толку многу помош и тоа за неговото семејство.

 

Фото Телеграф.рс

Неопислива е радоста на лицата на Стефан и Мики, најмалите деца во семејството Дамњановиќ кои веднаш посегнаа по свои омилени предмети.

Семејството Дамњановиќ со години преживува од ден за ден. Мајката која ги напуштила нема никаков контакт со децата. Петте деца се благодарни на грижата и љубовта која им ја дава нивниот татко Саша.

Фото Телеграф.рс

Се спакува, ја напушти куќата и повеќе не се врати. Ја повикав, да се врати.  Беше доцна, девет и пол часот вечерта кога ми напиша да не ја барам повеќе. На почетокот ми се јави да праша како се децата. И реков да дојде, да ги посети, таа рече дека нема пари. Се разведовме судски и таа рече неколку тешки зборови  – оставете ги децата да останат засекогаш со него – изјавипретходно за Телеграф.Рс  овој самохран татко.

Фото Телеграф.рс

Извор: (Telegraf.rs)

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close