Дом и семејство

Тамара Тодевска искрено по распадот на бракот: Секојдневно комуницираме со Мачка- децата не треба да претставуваат пинг-понг „топче“

За Хана и Дарен го сака само најдоброто...

Пејачката Тамара Тодевска ги изненади своите фанови кога објави дека се разведува од сопругот Мачка со кого има две деца, ќерката Хана и синчето Дарен.

Фото инстаграм/Тамара Тодевска

Во интревју за Слободен печат, Тодевска раскажа дека минала низ тежок период но и покрај се таа секојдневно комуницира со поранешниот сопруг бидејќи како што вели за неа е многу здраво и нормално да продолжи комуникацијата меѓу родителите и откако тие ќе се разделат.

фото архива

Во интервјуто за споменатиот медиум Тодевска истакнува дека според неа при разделбата на двајцата родители многу е важен интересот на децата. Тамара посочува дека во никој случај не смее да се пренесат разочараноста и гневот на децата и тие да претставуваат пинг-понг „топче“.

Фото инстаграм/Тамара Тодевска

– Секојдневно комуницираме со Мачка. Ние имаме две деца, кои, пред сѐ, сакам да имаат среќно и исполнето детство. Хана и Дарен имаат двајца родители, и за мене многу здраво и нормално е да продолжи комуникацијата меѓу родителите и откако ќе се разделат. Тоа е во интерес на децата, кои се во специфичен период, затоа што се релативно „мали“, но апсолутно сѐ разбираат. Тие сега растат, стекнуваат навики и го обликуваат својот карактер. Затоа одговорноста на родителите е голема, а среќата на Хана и Дарен е наш императив.

Фото инстаграм/Тамара Тодевска

– Во секој брак, во секоја врска е различно. Нема унифицирани и единствени правила. Партнерите најдобро знаат кога бракот/врската повеќе не функционираат и решаваат да се разделат. Повторно ќе кажам, при разделбите многу е важен интересот на децата. Во никој случај не смееме да ги пренесеме разочараноста и гневот кон децата и тие да претставуваат пинг-понг „топче“.

Фото инстаграм/Тамара Тодевска

– Ако кажам дека ми беше лесно – ќе излажам. Секоја разделба е болна и стресна и тоа не се срамам да го признаам. Некако многумина сакаат да зборуваат дека веднаш продолжуваат напред, дека и разводот може да биде нова можност… не знам, не влегов во тој филм, затоа што според мене, никогаш не треба да ги криеме емоциите и себеси да се залажуваме.
Имам две прекрасни деца, опкружена сум со искрени пријатели, ја работам работата што ја сакам и не е воопшто сѐ така црно.

Фото инстаграм/Тамара Тодевска

Пејачката за Слободен печат истакна дека за неа единствено важно во моментот е Хана и Дарен да се здрави, среќни и насмеани а посочува дека таа и Мачка секогаш ќе бидат тука да ги поддржат.

Processed with VSCO with hb2 preset

– Мило ми е што се свои, карактерни, енергични и ако нешто наумат, сѐ ќе направат за да го остварат… значи наследиле особини и од мајка им. Сите имаме и позитивни и негативни страни, па така и децата. И Хана и Дарен сѐ уште растат, созреваат и се градат како личности. И јас и Мачка инсистираме да не им ги наметнуваме нашите ставови или желби за животот. Двајцата посетуваат градинка, училиште, се социјализираат и тие средини, меѓу другото, ќе им помогнат и за да се откријат себеси. Затоа, мислам дека е рано да правиме некоја селекција на добри и лоши особини. Единствено ми е важно да се здрави, среќни и насмеани. А, јас и Мачка секогаш ќе бидеме тука да ги поддржиме.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close