Кафе муабет

Тажна вест од домот на Дарко Лазиќ и неговата девојка: Се случи она што не го посакуваа, со денови трпела болки…

Го загубила бебето на почетокот на бременоста...

Медиумите на големо шпекулираа дека пејачот Дарко Лазиќ тајно се оженил со својата девојка Катарина па дури и дека е бремена.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Но Дарко иако негираше дека неговата избраничка Катарина Стојановиќ е бремена, медиумите шпекулираа дека таа сепак е во блажена состојба, а сега се појавија и последните информации – дека го изгубила бебето.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Имено, Катарина наводно со денови трпела силни болки во пределот на стомакот, а по прегледот и анализите било утврдено дека мора итно да се оперира, пренесува Република.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Катарина му се пожали на Дарко штом се вратија од Дубаи каде беа на одмор неколку дена. Тоа беше и нивниот мини меден месец по тајната венчавка. Таму се било во ред, никому не кажале за бременоста бидејќи беше рано, а по враќањето во Србија почнале проблемите – ја раскажал приказната извор близок на парот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Катарина најпрвин мислела дека имала труење од храна додека била во Србија но сфатила дека има проблем од друга природа, пренесува Република.

фото принтскрин

-Им беше многу тешко, Дарко само и се јави на мајка си Бранка да ја извести бидејќи таа беше една од ретките кои знаеја дека Катарина е бремена. Почнал да плаче, но докторот објаснил дека компликациите во тој период од бременоста не се воопшто ретки и дека тоа е ризик кој секогаш постои. Кога се завршило, Лазиќ и предложил на Ката повторно да отпатуваат некаде за да и ги пренасочи мислите бидејќи била во депресија, но таа не сакала – заклучил соговорникот за Република.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Откако се појави веста дека фолкерот тајно се оженил на осми декември се огласија и неговите најблиски.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Имено мајката Бранка истакна дека не знае ништо за венчавката и дека таа не била повикана, а истото го рече и неговиот брат кој посочи дека со Дарко се е можно, но дека тој не бил известен ниту повикан на венчавка.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Пејачот неколку дена молчеше по оваа вест, а неодамна конечно проговори и откри дека нема ништо од тоа. Тој откри и дека живее со својата избраничка и дека моментално таа го издржува.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Каква црна тајна свадба? Кога ќе се оженам, од Војводина до Пирот. Ќе направам прослава која ќе трае три дена, со 1.000 гости. Ќе се пече прасе, ќе се пие домашна ракија… Ќе организирам голема свадба. Дај боже, следната година да се венчаме. Едвај чекам, бидејќи никогаш не сум бил посреќна. Конечно, до мене имам личност која ја сакам безусловно и која ме сака – изјави Лазиќ.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Живеам на грбот на мојата девојка Ката! Таа ги плаќа сите сметки, а јас само го полнам фрижидерот – изјави Лазиќ.

фото принтскрин

– Живеам кај Ката во Нови Сад. Таа ги плаќа сите сметки, а јас само го полнам фрижидерот! Таа е и мој личен шофер, бидејќи немам дозвола и не можам да возам. Секирата ми падна во мед. Убаво е, за промена, да се живее на туѓ грб. Многу поранешни само ми земаа. Сега да видам и јас како е. Знам дека не ми веруваат, но навистина немам пари за недвижен имот. Сè уште собирам пари за да купам стан во Нови Сад. Ката е поврзана со тој град, па таму ќе се вдомиме – открил фолкерот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Освен што сакам да купам стан и да се оженам, би сакал јас и Ката да имаме бебе. Дај боже да имаме три деца. Немам време за патување, бидејќи имам многу настапи до крајот на годината. Не ни размислувам за одмор – рече Дарко неодамна.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close