Кафе муабет

Тага во семејството на Гоца Божиновска: Ова е најболниот ден за пејачката- не може да се помири со неговата загуба!

Неговата сmрт им ги промени животите...

Пејачката Гоца Божиновска, нејзиниот син Мирко и ќерката Зоранa никогаш нема да го преболат овој ден.

фото Инстаграм/Гоца Божиновска

На денешен ден, пред точно 22 години, во центарот на Белград беше ликвидиран Зоран Шијан, најпознатиот Сурчинац и поранешен кик боксер.

фото Инстаграм/Гоца Божиновска
фото Инстаграм/Гоца Божиновска

Тој е убиен на 27 ноември 1999 година околу 1.30 часот по полноќ додека седел зад воланот на својот автомобил и чекал зелено светло на семафорот, а овој случај никогаш не беше решен.

Фото Инстаграм/Гоца Божиновска

Во оваа прилика преку социјалните мрежи се огласија неговиот син Мирко и неговата сопруга Гоца Божиновска, а пејачката еднаш отворено за медиумите проговори за нивната љубов, но и за кобната вечер кога дозна дека Шијан е убиен.

фото инстаграм/Бојана Родиќ

Како што рече, убиството се случило додека таа била на настап во Виена, а страв дополнително ја совладал кога помислила дека нивниот син Мирко во тој момент се уште е со него. Се испостави дека Зоран неколку моменти пред смртта го оставил својот син дома, а покојниот Шабан Шаулиќ и ја соопштил тажната вест на Гоца.

фото инстаграм/Гоца Божиновска
фото инстаграм/Бојана Родиќ

– Таа вечер бев во Виена, Шабан Шаулиќ утредента требаше да работи со мене во Италија. Го завршив првиот блок песни и дојдоа момци со чанти, шанери, имаа машка гардероба. Избрав прекрасен џемпер од кашмир, го купив и го оставив во гардеробата. Требаше да го започнам вториот блок, кога се вратив во соблекувалната ми заѕвони телефонот. Ми се јави Шабан, мислев дека ми се јавува поради планот, што требаше да го направиме за следниот ден. Веднаш слушнав дека гласот му е чуден, ме праша: „Каде си, слушна ли нешто?“. Во истата секунда ми се отсекоа нозете, знаев дека нешто се случило. Ми вели: ‘Смири се, те молам, не е вистина’ – рече Гоца.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

-Инаку, кога го завршив тој прв блок песни, Зоран ми се јави и ми рече: „Мирко е со мене, Зорана си отиде дома. Мирко нема да се одвои од мене, му купив торба полна со киндер јајца и нејке да оди. Плаче. Сега ќе си оди дома за некое време, ќе го однесе зетот“. Па ми текна дека детето е со него. Шабан ми рече: „Мислев дека знаеш, можеби не е вистина, слушнав дека пукале во Шијан“. Автомобилот застана пред зградата каде што ме зема првиот пат кога се венчавме, таму живеев. Шабан ми вели „Престани, не паничи, можеби е жив“. Паднав, се онесвестив, обезбедувањето скокна околу мене, ме полија со вода, ме однесоа во хотел – раскажала пејачката.

Фото Инстаграм/Гоца Божиновска
фото инстаграм/Гоца Божиновска

Гоца никогаш не престана да го оплакува својот покоен сопруг, а се уште го споменува во своите интервјуа.

фото инстаграм/Мирко Шијан
Фото Инстаграм/Мирко Шијан
Фото Инстаграм/Гоца Божиновска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close