Дом и семејство
Таа ја најави својата свршувачка а сега сподели фотографии од големата прослава: Данијела имаше голем повод за славење
Овој пат роденденот помина без Огњен...
Синот на Данијела Димитровска и Огњен Амиџиќ го прослави својот деветти роденден а гордата мама на социјалните мрежи покажа како му го честитала роденденот на синот и што му посакала.
Имено ова е прв роденден на Матија откако неговите родители се разделени.Иако во неколку наврати зборуваа дека се во одлични односи токму поради синот, сепак годинава решија да го прослават најубавиот ден на наследникот одделено.
Со балони и прекрасна роденденска свеќа со бројот девет на врвот, синот на Данијела Димитровска и Огњен Амиџиќ го прослави својот роденден а гордата мама споделила со своите следбеници на „Инстаграм“ какво изненадување му приредила.
Дневната соба ја украсила со бели и сини балони, на аголниот тросед ставила чоколадна торта, додека во централниот дел од собата, ставила поголем подарок, многу убаво завиткан.
Синот на Данијела Димитровска и Огњен Амиџиќ штом се разбудил, побрзал да види што му подарила мајка му, ја дувнал свеќата, а истиот ден манекенката му приредила забава со другарките.
Во оваа прилика, Огњен се огласи на Твитер и низ смеа откри што му побарал малиот Матија за роденден:
– Мојот најмил син Матија денеска наполни девет години. Ги дувна свеќите и си посака желба. Кога го прашав што замисли, тој рече: „Не знам дали ќе се оствари, но замислив дека татко ми ќе ми даде 100 динари“.
Инаку неодамна Данијела реши за прв пат јавно да открие како се согласува со нејзиниот поранешен сопруг.
– Јас и Огњен сме во коректен однос, всушност во нормален, тоа ни е важно поради здравиот развој и раст на нашето дете. Се слушаме апсолутно секој пат кога има нешто поврзано со Матија. Гледаме да бидеме меѓусебна поддршка на овој нов пат. Ги надминуваме сите потешкотии – изјавила Даниела, а потоа открила дека нејзината сестра и е голема поддршка, но дека тие две се многу различни.
– Мислам дека Ивана е многу поубава од мене. Таа е некој што се занимава со психологија. Кога го имате тој мир и рамнотежа, тогаш зрачите дополнително. Постара сум и затоа сум позаштитнички настроена кон неа – изјавила манекенката.