Кафе муабет

Таа ги има најубавите нозе на македонската естрада: Во неа беше заљубен и синот на Аркан- еве зошто се уште е број еден во регионот! (ФОТО)

Каролина плени со својата убавина...

Каролина Гочева важи за една од најубавите пејачки на македонската естрада.

фото Фејсбук/ Skopje City Mall

Пленеше и со својата појава и глас, сите ја обожаваа, а на почетокот на 2000-тите имаше низа хитови и беше една од омилените музички ѕвезди на нашите простори.

фото Фејсбук/ Skopje City Mall

Македонското девојче ја забавуваше публиката на прославата на скопскиот трговски центар City Mall по повод 10 години постоење и уште еднаш докажа зошто е број еден.

фото Фејсбук/ Skopje City Mall

Каролина Гочева блесна во краток фустан во циклама боја дизајниран од Јована Филиповиќ.

фото Фејсбук/ Skopje City Mall

Во оваа креација Каролина го потврди епитетот најубавите нозе на естрадата.

фото Фејсбук/ Skopje City Mall

За нејзиниот приватен живот се знае само толку колку што таа има изјавено. Не зборува премногу за приватноста а според она што може да го видиме на нејзиниот Инстаграм профил, секојдневно ужива во друштво на семејството и сопругот.

фото инстаграм/Каролина Гочева

Соработувала со многу српски музичари, а имаше одлични приватни и деловни односи со покојниот пејач Тоше Проески.

фото инстаграм/Каролина Гочева

Кога го достигна врвот на популарноста таа реши д анаправи пауза и се повлече од јавната сцена, а изгледот на Каролина Гочева, како во минатото, така и денес, не престанува да воодушевува.

фото инстаграм/Каролина Гочева

Неретко можеме да видиме фотографии на кои пејачката е без ниту грам шминка па нејзината природна убавина предизвикува општа врева, а коментарите за фантастичниот изглед на Каролина Гочева не престануваат.

фото инстаграм/Каролина Гочева

Карактеристично за Каролина е тоа што нема досега направено ниту една естетска корекција, па пејачката и денес плесни со својата харизма и природна убавина.

фото инстаграм/Каролина Гочева

Таа исто така добива бројни пофалби и за своите модни изданија на социјалните мрежи, а на своите настапи речиси секогаш соработува и со македонските дизајнери што навистина е за секоја пофалба.

фото инстаграм/Каролина Гочева

Каролина е и тоа што од самото појавување на музичката сцена важи за едноставна дама со стил која својата популарност не ја гради со скандали, а својот приватен живот успешно го држи цврсто во своите раце.

фото инстаграм/Каролина Гочева

Токму затоа и навистина се ретки фотографиите на кои таа покажува „малку повеќе“, иако своевремено се има фотографирано и за првиот број на македонскиот Плejбoj што тогаш беше шок за сите.

фото инстаграм/Каролина Гочева

Иако сега има малку поинакви животни приоритети, нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил под будното око на јавноста, а познато е дека талентираната македонска пејачка била во кратка врска со Михајло Ражнатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан.

фото инстаграм/Каролина Гочева

Врската на Каролина и Михајло не траеше долго, а тој во медиумите во една прилика проговори за романсата со македонското девојче.

фото инстаграм/Каролина Гочева

-Тоа е романтична приказна и јас сум таков. Падобранството според мене е најдобар спорт, зошто вклучува се во себе. Потребна е храброст, а истовремено проработува и адреналинот и човек има чувство на безгранична слобода. Освен во падобранството таква енергија пронаоѓам и во хокејот на мраз. Што се однесува до Каролина, таа ја сака таа моја спортско- романтична страна, рече своевремено Михајло, додека Каролина не призна дека имале куса афера.

фото архива

-Едноставно, Михајло и јас сме млади, патиштата ни се разидоа, и за мене и за него ќе има време за љубов, рече Гочева.

фото инстаграм/Каролина Гочева

После тоа се забавувала со Ник, богат Грк, кој живее во Битола, каде што има своја текстилна фабрика.

фото инстаграм/Каролина Гочева

Со него почнала да излегува кога кон крајот на летото 2011 година раскинала со младиот скопски бизнисмен Јован Пановски.

фото инстаграм/Каролина Гочева

Каролина на 23 септември 2017 година се омажи за шест години помладиот Михаил Корубин, кого го запознала за време на снимањето на насловната страница на нејзиниот албум „Извор“, како што раскажала во едно интервју.

фото инстаграм/Каролина Гочева

Нејзиниот сопруг е сликар и потекнува од уметничко семејство. Неговиот татко Рубенс е добро познат македонски сликар, а неговата мајка Лиле Корубин е дизајнерка. Михаел е магистер по ликовна уметност и неговите дела досега се изложувани низ галерии во Софија, Торонто, Њујорк…

фото инстаграм/Каролина Гочева

Се венчаа во необичен амбиент, во еден од воените хангари на аеродромот Петровец во Скопје.

фото инстаграм/Каролина Гочева
фото инстаграм/Каролина Гочева

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close