Бебе

СУПЕР донатор на спеrма има над 150 деца: КОРОНАТА не го забави, оваа година тој оплоди шест жени

Сепак, сега кога патувањето е можно повторно, Eо оди во Лондон и оваа недела треба да се сретне со уште пет жени

Донатор на спеrма од Америка, кој има 150 деца ширум светот, вели дека за време на блокадата поради вирусот корона, тој оплодил уште шест жени и дека ограничувањата „не го забавиле“.

Маж познат под псевдонимот EoДонар (49) вели дека пет жени во моментов ги носат неговите бебиња, додека едното се породило порано оваа година, што значи дека е близу до целта да оплоди 10 жени во 2020 година.

Eо од Вермонт вели дека поголемиот дел од блокадата ја поминал во Аргентина откако заглавил таму за време на патувањето да донира спеrма. Сепак, сега кога патувањето е можно повторно, Eо оди во Лондон и оваа недела треба да се сретне со уште пет жени, пренесува Ладибли.

Како што рече, тој сега е повторно зафатен и се надева дека британските жени на кои им е потребна помош ќе стапат во контакт со него додека тој е таму.- Имам околу 150 деца ширум светот, едното е родено на почетокот на годината и уште пет жени се бремени.

Вирусот корона не ме успори и јас сум зафатен повеќе од кога било – рече eо, кој го крие своето вистинско име.

Како што рече, кога ќе се родат бебиња, тој ги добива нивните фотографии, а многу деца личат на него.

– Не добивам парична компензација бидејќи им давам спеrма на жени, само уживам да им помагам на луѓето – рече тој.За да им помогне на жените да имаат бебиња, eо патуваше низ цела Америка, Велика Британија, Италија, Сингапур, Филипини и Аргентина.

Тој донира спеrма од 2008 година и добива околу 10 бебиња годишно.

Eо исто така нуди односи и вештачко оплодување – и вели дека околу половина од неговите деца се резултат на водење љубов.

За да биде сè на безбедно, eо се прегледува еднаш годишно, а ако тоа го сакаат некои жени, тој оди почесто на прегледи.

По завршувањето на посетата на Велика Британија, eо се враќа во Америка, додека чека повеќе барања за оплодување.

– Контактирам жени ширум светот преку е-пошта или преку Фејсбук. Не ми пречи да патувам затоа што можам да работам од каде било на светот – рече тој.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close