Кафе муабет

Сузана Манчиќ ја изненади јавноста со оваа изјава: Јас сум на ивица на банкрот- прозборе искрено за финансиите!

Не го прослави денот на вљубените...

Најпознатата лото девојка Сузана Манчиќ вчера ја изненади јавноста со изјавата дека нема да го слави Денот на вљубените бидејќи претходниот период потрошила многу пари на подароци на сопругот Сименон.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Водителката и актерка Сузана Манчиќ неодамна се врати од Атина, каде живее нејзиниот сопруг Симеон Окомокос. Вчера истакна дека нема да го слави Денот на вљубените бидејќи не купила подарок за нејзиниот сакан.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

„Нема да се вратам во Атина поради Денот на вљубените, ќе бидам сама. Подарокот не го подготвив, затоа што пред десет дена му беше роденден на Симеон, тогаш му беше именден, сега и подарок за празникот, навистина не можам, пред банкрот сум“, вели Сузана за Блиц.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

„Прекрасно си поминав, често сум во Атина и таму одмарам. Прво, таму немам никакви обврски, носам убава книга, се среќавам со роднини и пријатели, па таму ми е божествено“, изјави водителката. која со децении е самохрана мајка на Теодора и Наталија Куниќ кои ги доби во првиот брак.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

„Со години сум самохрана мајка, што не е страшно со оглед на мојата финансиска состојба бидејќи отсекогаш сум била успешна и сум имала доволно пари за удобен живот. Но, прашањето за самохрани мајки треба да им се постави на обичните жени кои се без покрив над глава, кои немаат работа, но и помош од таткото на децата. Страшно е, а мене ми беше како настинка“, вели Сузана, која смета дека разводот не треба да се решава така лесно.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

„Љубовта доаѓа и си оди, луѓето лошо проценуваат, но не треба така лесно да се откажувате, особено кога се децата во прашање. Во секој случај, има момент кога треба да донесете одлука, која би била најдобра за вас.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Инаку неодамна Сузана за прв пат прозборе за распадот на првиот брак. Пред да му го предаде срцето на Симеон, Сузана Манчиќ беше во брак со Небојша, член на некогаш многу популарниот бенд „Sedmorica mladih“, а по долго пријателство помеѓу него и водителката, се роди љубов. Иако поранешната „лото девојка“ за многумина беше неостварена желба и многумина ја молеа, таа му рече „да“ на Небојша во 1989 година. Двојката се разведе по осум години брак, но ја добија најголемата радост во животот – две ќерки.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Сузана, која во тоа време беше на врвот на својата кариера, го промени својот живот за да се посвети на своето семејство, и кога Небојша започна да работи приватно, таа го следеше низ целиот свет. Меѓутоа, со одредена доза иронија и хумор, водителката се сеќава како изгледала нејзината веридба.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Обично велам: Таква девојка, таква убавица, а го запроси својот сопруг на кој му беше трета сопруга – рече во една прилика Сузана.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

По ненадејниот развод, Сузана се врати со своите ќерки во родниот град и по долг период на тишина, откри со какви проблеми наидуваше за време на бракот и какви последици имаше. Наводно, Небојша ја омаловажувал, велејќи дека таа повеќе не е убава и млада, иако е на прагот од четириесеттите години, па водителката страдала од депресија.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Сузана сега за прв пат проговори за деталите кои доведоа до колапс на љубовта.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Според неа, разводот следел кога се заладиле односите помеѓу неа и Небојша.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Со сопругот едноставно престанавме да разговараме – истакна Сузана при гостувањето во емисијата „Јутро“ на ТВ Прва и додала:

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Меѓу нас владееше тишина и далечината почна да се развива.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Разводот на Сузана Манчиќ и Небојша Куниќ во 1997 година не беше крај на нивната врска. Сузана не крие дека и понатаму е во добри односи со бившиот сопруг поради ќерките.

Фото: Инстаграм/ Наталија Куниќ

– Разговарам со мојот поранешен сопруг Небојша, без разлика што одамна се разведовме. Никогаш не се скаравме, разводот ни се случи во мир и мислам дека така треба да биде. Ќерките Наталија и Теодора редовно се слушаат со нивниот татко, никогаш не сум влијаела на кој било начин да им се наруши врската. Не го спомнувам често во јавноста затоа што има свој живот. Тој е дел од мојот живот кој ниту можам ниту сакам да го избришам – беше искрена таа.

Фото: Инстаграм/ Наталија Куниќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close