Кафе муабет

Сузана Манчиќ за прв пат прозборе за разводот: Повеќе не разговаравме, владееше ТИШИНА и свативме дека треба да се разведеме!

Откри детали за првиот брак!

Сузана Манчиќ со години е во среќен брак со Симеон Окомокос, а љубовта двајцата ја одржуваат на релација Белград-Атина.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Но пред да му го предаде срцето на Симеон, Сузана Манчиќ беше во брак со Небојша, член на некогаш многу популарниот бенд „Sedmorica mladih“, а по долго пријателство помеѓу него и водителката, се роди љубов. Иако поранешната „лото девојка“ за многумина беше неостварена желба и многумина ја молеа, таа му рече „да“ на Небојша во 1989 година. Двојката се разведе по осум години брак, но ја добија најголемата радост во животот – две ќерки.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Сузана, која во тоа време беше на врвот на својата кариера, го промени својот живот за да се посвети на своето семејство, и кога Небојша започна да работи приватно, таа го следеше низ целиот свет. Меѓутоа, со одредена доза иронија и хумор, водителката се сеќава како изгледала нејзината веридба.

Фото Принтскрин/Инстаграм

– Обично велам: Таква девојка, таква убавица, а го запроси својот сопруг на кој му беше трета сопруга – рече во една прилика Сузана.

Фото Принтскрин/Инстаграм

По ненадејниот развод, Сузана се врати со своите ќерки во родниот град и по долг период на тишина, откри со какви проблеми наидуваше за време на бракот и какви последици имаше. Наводно, Небојша ја омаловажувал, велејќи дека таа повеќе не е убава и млада, иако е на прагот од четириесеттите години, па водителката страдала од депресија.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Сузана сега за прв пат проговори за деталите кои доведоа до колапс на љубовта.


Според неа, разводот следел кога се заладиле односите помеѓу неа и Небојша.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Со сопругот едноставно престанавме да разговараме – истакна Сузана при гостувањето во емисијата „Јутро“ на ТВ Прва и додала:

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Меѓу нас владееше тишина и далечината почна да се развива.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Разводот на Сузана Манчиќ и Небојша Куниќ во 1997 година не беше крај на нивната врска. Сузана не крие дека и понатаму е во добри односи со бившиот сопруг поради ќерките.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Разговарам со мојот поранешен сопруг Небојша, без разлика што одамна се разведовме. Никогаш не се скаравме, разводот ни се случи во мир и мислам дека така треба да биде. Ќерките Наталија и Теодора редовно се слушаат со нивниот татко, никогаш не сум влијаела на кој било начин да им се наруши врската. Не го спомнувам често во јавноста затоа што има свој живот. Тој е дел од мојот живот кој ниту можам ниту сакам да го избришам – беше искрена таа.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Сузана Манчиќ во поранешна Југославија важеше за симбол на женственоста и долго време ја водеше емисијата каде се извлекуваа добитните лото комбинации.


Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Сузана заради овој свој ангажман во медиумите го доби прекарот „Лото девојка“ и важеше за вистинска убавица.

Фото Принтскрин/Инстаграм

За неа и денес зборуваат дека е како виното, колку е постара толку е подобра, но од старите фотографии можеме да видиме колку се променила.

Фото Принтскрин/Инстаграм

Таа денес изгледа речиси непрепознатливо во споредба со тогаш, но се уште важи за една од најпознатите дами во регионот.

Фото: Инстаграм/ Наталија Куниќ

Манчиќ својата кариера ја започна со песната „Огледалце, огледалце“, кога немаше ни 18 години.
Потоа започна да води неколку забавни емисии, па долги години ги извлекуваше добитните лото комбинации.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Има учествувано во театарски претстави, а се има појавено и во популарното списание за мажи Плej бoj.

Во 2012 ја напиша автобиографската книга Нескротливо срце.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ
Фото: Инстаграм/ Наталија Куниќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close