Кафе муабет
Судот и го одземал старателството над синот: Немав пари да се борам за детето- потресна исповед на познатата фолкерка
Пејачите беа најпогодени од коронакризата...
Селма Бајрами иако е на прагот од петатта деценија од животот сепак го негува својот младилашки дух.
Важеше за една од најпознатите пејачки но откако го отпеа нејзиниот најголем хит “Какво телo Селма” има се повлече од очите на јавноста.
Пејачката неодамна реши да си ја отвори душата и да раскаже се за пеколот низ кој минувала.
Селма Бајрами во својата исповед проговори за двегодишната битка за старателство над нејзиниот син кој и беше одземен.
Пејачката неодамна откри дека нејзината агонија, започнала на 23 декември 2020 година. Тогаш нејзиниот свет се урна!
– Тогаш беше донесена одлука мојот син да му припадне на неговиот татко. Поради короната судовите не работеа како што треба, а постојано имаше доцнења. Пред малку го откажав полномошното затоа што не бев во состојба поради пандемијата да платам, бидејќи како што знаете ние пејачите бевме во ризик. Тогаш немав пари, а со оглед на тоа што цело време се бранев од овој човек кој со години ме напаѓа и кој со се и сешто ме оцрнува како мајка – рече Селама Бајрами.
Селма беше во брак со Мујо Мусиќ кој пред седум години за српски Курир изјави дека не го интересира Селма и дека не сака да се појавува во медиумите бидејќи не е јавна личност.
– Немам коментар. Не сакам да давам никакви изјави за медиумите се надевам дека ме разбирате. Селма е јавна личност, не јас. Немам место во медиумите – изјави Мусиќ.
Но по се изгледа Селма го остави овој тежок период зад себе па сега ужива во љубовта со своето ново момче кое го покажа на забавата „Драги браво“ која се одржа во јули годинава, во долниот град Калемегдан.
Селма Бајрами се појави на последната вечер од забавата и беше придружувана од новото момче, кое за прв пат официјално го покажа во медиумите.
Пејачката тогаш откри дека е среќна и заљубена.
– Тој е мојата подобра половина. Исполнета сум, среќена. Тој е човекот на мојот живот. Тој е самохран татко. Има три деца, се запознавме во Виена – изјави Селма Бајрами.
– Нашите деца се запознаа, одлично се сложуваат. Тој е самохран татко, јас сум самохрана мајка. Ме купи со тоа како се однесува со своите деца – рече пејачката.
– Се запознавме кога одев на курс по германски јазик. Во раката држеше колачиња, ме праша дали би сакала. Рече дека мајка му ги направила, јас земав, а другото е историја – заклучила Селма.
Да потсетиме, Селма Бајрами отсекогаш важела за атрактивна и убава жена. Таа постојано истакнуваше дека особено се грижи за своето лице и тело. Отпеа песна за нејзиното тело, а сега таа покажа тотална трансформација.
Имено, пејачката своевремено малку се здебели, а сега покажа дека се вратила на старите патеки.
Селма нема ниту грам вишок, се е стегнато и на свое место, а многумина пишуваат дека не можат да поверуваат дека пејачката има 41 година и дека лесно може да се спореди со 20-годишни дами.