MAMA

Стpaшна неcpeќа – го изгубија бебето само шест дена по неговото раѓање поради лекарска грешка

Бебето починало само по шест дена од раѓањето поради тешко оштетување на мозокот

Огромна трагедија во семејството Смит

Татко со скршено срце, раскажува за трагедијата која му ја предизвикала најголемата болка во срцето.

Неговиот син починал само шест дена по неговото раѓање по серијата на грешки која била направена од медицинските лица.

ФОТО: Принтскрин/ бебето Исак Смит

43 годишен татко Дарен Смит, споделил дека неговиот син Исак починал откако добил големо оштетување на мозокот, затоа што бил долго време оставен без кислород за време на неговото раѓање во неидентификувана болница со седиште во Северен Лондон.

Новороденчето потоа итно било префрлено во болницата Свети Томас.

ФОТО: Принтскрин/Дарен Смит

Но неговата поддршка била исклучена по шест дена откако медицинскиот персонал донел заклучок дека бебето секако нема да преживее.

Од надворешната истрага која потоа била спроведена во неидентификуваната болница, бил донесен заклучок дека за време на раѓањето на Исак биле направени повеќе од 30 грешки.

ФОТО: Принтскрин/Дарен Смит со сопругата и бебето Исак

Тие заклучиле дека бебето ќе преживеело доколку биле следени процедурите, според кажувањето на г-дин Смит.

Една деценија по неговото скршено срце, финансискиот менаџер од северен Лондон ќе го трча Кралскиот маратон во спомен на Исак, облечен во костим на тигар и со надеж дека ќе може да собере 50 илјади фунти донација за болницата Свети Томас.

ФОТО: Принтскрин/Дарен Смит

Тој изјавил дека тимот од оваа болница го поддржувала целосно целото семејство  на најтешкото патување кое човек може да го замисли, како и дека помогнале да се роди неговата ќерка пред осум години.

Г-дин Смит и неговата сопруга отишле во болница за последниот ултазвук на 27-ми Јули 2012 година, кога таа била скоро 37 недели бремена. На излегување од просторијата за ултразвук, неговата сопруга почувствувала „млаз“ за кој помислила дека е пукање на водењакот, но всушност се работело за таканаречена ерупција на плацентата.

ФОТО: Принтскрин/Дарен Смит со својата ќерка

Овој феномен кој може да се појави кај еден процент од бремените жени, всушност е состојба кога плацентата која го снабдува плодот со кислород, започнува да се одвојува од плодот и излегува пред бебето да се роди.

И покрај тоа што парот се наоѓал на совршено место, во ваква ситуација за една трудница, сепак болницата само решила да ја надгледува состојбата на жената и покрај нејзиното обилно крварење-вели г-дин Смит.

ФОТО: Принтскрин/Кралскиот полумаратон во Лондон

Исак бил мртвороден, а потоа реанимиран, но веќе претрпел огромни оштетувања на мозокот поради недостаток на кислород како последица од ерупција на плацентата-продолжува тој-пишува Дејли Меил.

Исак бил пренесен во Свети Томас во Лондон, каде бил ставен на процедура на ладење на мозокот-третман кој спречува понатамошно оштетување на мозокот. Но и покрај се, бебето починало по шест дена, откако било исклучено од машините за поддршка.

ФОТО: Принтскрин/Кралскиот полумаратон во Лондон

Г-дин Смит кој има ќерка вели дека наредните неколку години ги живеел во шок и почнал да разбира дека губењето на бебе е всушност табу тема. Тој вели:

-Пријателите кои ги имавме со години се бореа со тоа како да разговараат со нас, зошто им беше страв дека ќе кажат нешто кое може да не вознемири. Но реалноста беше дека ние сакавме да зборуваме за Исак, тој беше вистинска личност која помина време на оваа земја и последно нешто што би сакале е да биде заборавен.

ФОТО: Принтскрин/Кралскиот полумаратон во Лондон

Болницата Свети Томас тогаш иницирала истрага за болницата каде бебето било родено, по што г-дин и г-ѓа Смит побарале надворешна истрага.

Истрагата дошла до заклучок дека се случиле над 30 грешки во породувањето на Исак и дека детето би било живо без никакво мозочно оштетување доколку персоналот постапел правилно и веднаш реагирал кога ја забележал ерупцијата на плацентата.

ФОТО: Принтскрин/болницата Свети Томас во Лондон

Г-дин Смит раскажува како животот му се сменил по оваа трагедија, што го довело до степен да има ментални проблеми.

Тој го истрчал Лондонскиот маратон минатиот викенд и Кралскиот полумаратон во Лондон оваа недела. Патеката поминува низ Хајд Парк, Грин Парк, Сент Џејмс Парк и Кенсингтон Гарденс.

ФОТО: Принтскрин/болницата Свети Томас во Лондон

Иако како што самиот вели не е во добра кондиција поради вишокот килограми, силата ја црпи од своето семејство и својот син, ќе проба да ги привлече луѓето да донираат облечен во костим на тигар. Целта на ова е да може да донира средства во болницата за деца Евелина, која е дел од Свети Томас болницата, за да може да бидат набавени два сета на опрема за спасување.

Ова го прави како благодарност на болницата за грижата која му ја пружиле на неговото бебе, како и со цел таа опрема да спаси живот на некое друго дете.

ФОТО: Принтскрин/болницата за деца Евелина-Лондон

-Оваа болница направила многу за мене и моето семејство, како и за многу други семејства низ целата држава и на овој начин сакаме да им покажеме колку сме благодарни-вели г-дин Смит.

ФОТО: Принтскрин/Лондонскиот маратон

Извор: Дејли Меил

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close