Кафе муабет
Стоја откри шокантни детали за односот со Карлеуша- ова никој не го знаеше, таа ја поддржа во НАЈТЕШКИОТ момент
Јелена е добар пријател...
Фолк пејачката Стојанка Новаковиќ, попозната како Стоја, ја поддржа колешката Јелена Карлеуша, во овие тешки моменти кога многумина и го свртија грбот.
Таа истакна дека според неа Јелена е најдобриот човек на естрадата.
View this post on Instagram
– Јелена е толку добар човек. Најдобриот пријател на целата естрада. Не сакам да коментирам за моите колеги, но ова го кажувам од се срце и таа ќе издржи се, силна е. Таа не покажува дека страда. Таа е едно на сцената, а друго е надвор од сцената. Ја познавам приватно, кога и да се видиме, кога и да се сретнеме на аеродром таа е таа што трча да се поздрави и да чести кафе – истакна Стоја во интервјуто.
Јелена го сподели тоа видео и и се заблагодари на колешката преку Инстаграм.
Инаку јавноста почна да шушка коe е новото момче на Јелена Карелуша и дали пејачката навистина нашла љубов по раскинувањето со фудбалерот Душко Тошиќ.
Како што се пишува во медиумите, наводно Јелена по разводот нашла утеха во туѓи прегратки а кој е среќникот е прашањето на денот што сите ги интригира.
Шпекулациите за новиот емотивен почеток на поп-ѕвездата само продолжуваат, а се започна по фотографија направена на забава во главниот град на која таа лудо се забавувала во присуство на своите пријатели.
Имено, Јелена заминала на забавата со нејзината колешка Милица Павловиќ и долгогодишниот соработник Немања Бирташевиќ, а своевремено на уметниците и нивниот пријател им се придружила поголема, главно машка група.
Сите навистина добро се забавуваа, а деталите од забавата беа овековечени со фотографии кои пејачката ги сподели со своите следбеници на „Инстаграм“.
Токму една од нив ги заинтригира медиумите и јавноста. На неа Јелена позира додека згоден маж ја држи неговата рака околу нејзината половина.
Многумина ова го коментираа како случајност, а некои сметаат дека е ладна одмазда што Карлеуша му ја послужи на поранешниот партнер за одлуката да го напушти семејството. Засега не е познато дали споменатото момче е новото момче на Јелена Карлеуша или е само еден од пријателите во чие друштво уживала таа вечер.