Кафе муабет
Стомак до заби – Маја Беровиќ со новите фотографии направи бум на Инстаграм!
Пејачката и нејзиниот сопруг чекаат момче...
Пејачката Маја Беровиќ моментално ужива во бременоста, а сега за прв пат на социјалната мрежа Инстаграм го покажа и мажот на нејзиниот живот.
Маја малку зборува за приватниот живот и партнерот љубоморно го држи подалеку од очите на јавноста, и ретко се појавува со него.
Сега таа направи реши да направи исклучок и објави фотографии на кои е во прегратката на нејзиниот сопруг Ален Драгосав, и ги разнежни фановите.
Двајцата се венчаа во 2016 година, а момчето кое го носи пејачката е круна на нивната љубов.
– Тој доаѓаше на секој мој настап во Босна и се завршуваше со погледи бидејќи имав само 17 години. Бев малолетна и лудо заљубена во човек кој доаѓа на моите настапи – изјави Маја, која е родена 1987 година во Илијач кај Сараево, а израснала во селото Малешичи, како и во Братунац.
Почнаа да се забавуваат, и многу наскоро започнаа да живеат под ист покрив.
– По некое време сфативме дека не можеме да оставиме се така и дека премногу се грижиме за нашата врска и дека премногу се грижиме оваа врска да остане на платонска љубов. Многу брзо ја донесовме одлуката да живееме заедно, што беше тешко да и се каже на мајка ми, која е самохрана мајка и за која разделбата на женско дете толку рано беше болна. Сепак, тоа не ми застана на патот на мојата среќа. Ален ми помогна финансиски и морално да го издадам мојот прв албум. Сега, неколку години подоцна, јас сум некој што може да инвестира во мојата кариера – рече Беровиќ.
– Тој е мојата најголема поддршка и тој е продуцент на сето ова. Фокусирани сме едни на други и заедно дизајнираме се. А, кога станува збор за визуелниот идентитет, морам да признаам дека тој е мојот најголем критичар – рече Маја во една прилика.
Патем, сопругот на Маја, претходно бил возач на камиони но тој успеа да направи голем успех.
Денес, тој е многу успешен во оваа работа. Тој поседува сопствени камиони и наводно има околу 83 вработени.
Неговата компанија се занимава со меѓународен патен транспорт на сите видови стока, неговите приходи наводно се околу 7.447.892 евра.